European Commission logo
Креирајте профил
News
Новости

Панел Дискусија: Развивање на Работните Места од Иднината

Со големите промени кои се случија на пазарот на труд - од начинот на работа, се до пристапот на компаниите - многу од работодавците се соочени со нови предизвици кои можат да бидат пресудни за тоа дали нивните компании ќе опстанат на пазарот - да се привикнат на „новото нормално“, или да ризикуваат да изгубат чекор со индустриските трендови.

Панел дискусијата, организирана од Филозофскиот Факултет - Скопје заедно со IT Labs, како дел од Re:Imagine People Management сесиите, ќе содржи експерти и лидери во сферата на човечките ресурси кои ќе ги споделат своите професионални искуства во однос на различните аспекти на работењето со луѓе: сега и во иднина.

Како ќе изгледа работењето во иднина? Што ќе се смени? Што ќе остане исто? - Ова се само дел од прашањата на кои учесниците споменати подолу ќе се обидат да ги одговорат. Сесијата ќе ја отвори деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Ратко Дуев.

Модератор:

• проф. д-р Софија Георгиевска, раководител на Центар за менаџмент на човекови ресурси

Панелисти:

• Фросина Зафировска, директор на оддел за човечки ресурси во IT Labs, • Билјана Блажевска Стоилковска, професор на Филозофски факултет, • Дејан Ваневски, менаџер за стратешки развој на бизнис во Thrivity, • Васка Ѓорчевска Заевска, заменик директор во Витек Македонија, • Стефан Јовановски, Раководител на одделот за човечки ресурси, А1 Македонија, • Дејан Маџоски, директор за човечки ресурси во НЛБ Банка • Ставрос Георгакопулос, директор на Сектор за Човечки ресурси во Македонски Телеком АД Скопје.

Покрај ова, посебно внимание ќе биде посветено и на тоа што им недостасува на компаниите да се подготват за „новата ера“, како да се создаде стимулативна работна средина, и дали „добросостојба на вработениот“ е нешто што е исто за сите индустрии, или се разликува.

Панел дискусијата: Развивање на работните места од иднината ќе се одржи на 22.11.2022 со почеток во 17:00 часот, во просториите на Филозофски факултет.

Во рамки на Re:Imagine People Management сесиите, покрај панел дискусијата,ќе бидат одржани следниве три предавања:

• „Кариерен Развој - Процес, алатки и улоги“ - Никита Попова, специјалист за човечки ресурси, IT Labs • „Како до успешен процес на регрутација?“ - Елена Милеска Дворчанец, регрутер, IT Labs • „Грижа за добросостојба на вработените: Системски пристап“ - Фросина Зафировска, директор на оддел за човечки ресурси, IT

Login (0)

Сакаш да напишеш статија?

Не се двоуми да го направиш тоа!

Кликни на линкот подолу и започни со постирање на статијата!