ЕПАЛЕ вебинар: Перспективи на женското претприемништво
Во рамките на ЕПАЛЕ академијата, ЕПАЛЕ Нaционалниот сервис за поддршка организира вебинар на тема:
Перспективи на женското претприемништво
Родот прави голема разлика во однос на развој на бизнисот, перформансите и успехот. Генерално, потребно е на претприемништвото да се гледа во рамките на социјалниот и економскиот контекст, што исто така може да ги објасни разликите кои се дефинрани како родови. Родовиот гап во претприемништвото ги рефлектира разликите и има тенденција да ги сигнализира нееднаквостите во пристапот до институциите.
Не е никакво изненадување дека жените се помалку вклучени во бизнис активностите и дека родовата нееднаквост во деловната сфера може да биде намалена само со државни политики кои ќе овозможат системска поддршка на женското претприемништво.
Иако последните децении беше постигнат напредок во општествата и во законодавствата за надминување на родовата нееднаквост, бариерите за женското претприемништво сè уште постојат и вклучуваат социјално-културни фактори.
Постои суштинска потреба да се подобри положбата на жените претприемачи во државата, да се обезбеди полесен пристап до финансии и да се отворат нови бизнис-можности.
Приклучете се на вебинарот и слушнете неколку интересни презентации од нашите експертки и практичарки. Ве очекуваме!
Време: 30.09.2024 година (11:00-12:30 часот)
Место: MS Teams (доколку немате апликација, ве молиме поврзете се преку интернет пребарувачот кој го користите)
Линк за вклучување:
https://teams.microsoft.com/l/meetup-join/19%3aAgZhZro_6e84slTP2nMoJnpW…
Кратка агенда
Што е и зошто ЕПАЛЕ? | Љупка Ќурчиева, ЕПАЛЕ Координатор |
Вовед: Концепти, теории и принципи на женското претприемништво | Проф. д-р Моника Марковска Факултет за информациски технологии Битола |
Тема 1: Поттикнување на претприемачкиот дух кај жените | Марија Јосифовска, Алгоритам Про Консалтинг |
Тема 2: Предизвиците на жените во воедењето на сопствен бизнис | Анита Крстевска Приватна детска градинка МАКСИ |
Тема 3: Градење култура ориентирана кон претприемништво | Катерина Дораковска, Бурник Мебел |
Дискусија со присутните |