ЕПАЛЕ Тркалезна маса одржана во Србија
На 14 и 15 март 2024 година имавме можност да учествуваме на ЕПАЛЕ тркалезна маса која беше во организација на Фондација Темпус од Србија.
Тркалезната маса е дел од регионалната соработка во ЕПАЛЕ во која се вклучени ЕПАЛЕ НСП од Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија. Се случува еднаш годишно, како подготвителна средба во очи на регионалната конференција.
Во текот на двата работни дена, ги ревидиравме активностите кои што се реализирани во досегашниот ЕПАЛЕ циклус и ја дефиниравме тематската рамка на 8та регионална ЕПАЛЕ Конференција, која ќе се одржи во ноември 2024 година во Црна Гора. Темата на овој собир ке биде Образованието за возрасни и медиумската писменост, и ќе се обиде да ги презентира резултатите од три-годишната заедничка работа во областа.
Во вториот дел од состанокот, ги дефиниравме раките на регионалната соработка во новиот ЕПАЛЕ циклус.
Следуваат навистина интересни настани кои, сигурни сме, ќе ја поттикнат соработката помеѓу регионалнуте социјални партнери.