European Commission logo
Логирај се Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Новости

Библиотекари од Битола на обука во Италија - „Библиотеката против булингот и сајбер булингот“

Во рамките на проектот „Библиотеката против булингот и сајбер булингот“, поддржан од програмата Еразмус+ (КА122 – ADU), библиотекари од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола учествуваа на меѓународна обука во Палермо, Италија.

Цел на обуката

Главната цел на обуката беше стекнување нови знаења и вештини за справување со булинг и сајбер булинг, како и примена на иновативни пристапи за негово спречување. Библиотеките се клучни места за едукација и поддршка на заедницата, а преку оваа обука нашите библиотекари се оспособија да препознаваат, превенираат и реагираат на вакви негативни појави во општеството.

Клучни активности:

  • Разбирање на различните форми и динамика на булингот

  • Стекнување вештини за идентификација на знаци и симптоми на булинг

  • Развивање емпатија и поддршка за жртвите и сторителите

  • Градење инклузивна и безбедна средина во библиотеките

  • Размена на искуства со библиотекари и едукатори од различни земји

  • Учество во практични вежби, студии на случај и дебати

Што значи оваа обука за библиотекарите?

Оваа обука им овозможи на нашите библиотекари да станат активни учесници во создавање на безбедни и пријателски средини за младите. Со новите знаења, тие ќе можат да организираат работилници, едукативни програми и кампањи за подигнување на свеста за булингот, како и да ги поддржат учениците, наставниците и родителите во борбата против насилството.

Искрена благодарност до нашата директорка м-р Емилија Стефановска Давкова за нејзината посветеност и поддршка во унапредувањето на професионалниот развој на библиотекарите и градењето на библиотеката како безбедно и едукативно место за сите. 

Ова е уште еден чекор напред кон трансформација на библиотеките во центри за учење, поддршка и развој на заедницата!

Следете нè за повеќе информации, искуства и фотографии од обуката!

#ErasmusPlus#NUUBitola #StopBullyingDay #cyberbullying#lifelonglearning#safelibrary

Likeme (0)
Themes addressed