European Commission logo
Логирај се Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Новости

Бесплатно советувалиште за жртви на семејно насилство во Гостивар и нивно економско јакнење и вклучување на пазарот на трудот

TreeImage.
Elena Siljanoski
Community Hero (Gold Member).

Поддршка од стручни лица за пребродување на кризите и стекнување вештини за одреден работен ангажман се едни од главните цели на проект што се спроведува во Гостивар, а е наменет за жените жртви на семејно насилство. Во рамки на проектот денес се одржа обука со претставници од Центарот за социјална работа, МВР, невладин сектор, правници на која се дискутираше за начините на помош и поддршка на жртвите на насилство во домот.

“Целта е да се пружи поддршка на жените кои биле жртви на семејно насилство преку нивно економско јакнење и психо-социјална помош. Од понеделник ќе почне со работа Советувалиште за жртвите,каде тие бесплатно ќе може да добијат помош од стручни лица,правник и социјален работник. Исто така,проектот предвидува и жените да се вклучат во обуки за да се оспособат за одредени работни ангажмани, на пример да се обучат и добијат сертификати за работа во козметички,фризерски салон и друго.”, кажа координаторката на проектот, Марија Дробњак.

Проектот под име “Понуди можност, спречи насилство врз жените” го реализира Здружението за обезбедување социјални услуги Социо од Гостивар во склоп на Програмата за локална демократија Релоад2, кофинансирана од ЕУ и спроведувана од УНДП.

Login (0)