Blog
Blog

Воспоставување на систем за Валидација на неформално и информално учење во Република С. Македонија

Воспоставување на систем за Валидација на неформално и информално учење во Република С. Македонија

Воспоставувањето на систем за Валидација на неформално и информално учење, во Република С. Македонија беше иницирано во 2015 година, согласно препораките на Советот на Европа за воведување на систем за валидација на неформлано и информално учење на земјите од Европската Унија, но и земјите кандидати за членство во ЕУ. Се со цел квалитетно извршување на активностите поврзани со овој процес, истите се составен дел од  стратешките документи кои што се изработени во нашата земја, односно Стратегијата за образование 2018-2025 и Стратегијата за образование на возрасните 2019-2023.  

Прв чекор во воспоставувањето на систем за валидација на неформално и информално учење беше изготвувањето на клучните документи како што се: Концепција за неформалното образование и информалното учење во Република Македонија, Водич за процесите на валидација на неформално и информално учење, Патоказ  за спроведување на систем за признавање на неформално и информално учење.

Со цел овој систем да стане фукционален беше обучен соодветен кадар на проценувачи и советници кои ќе го имплементираат системот.  Во таа насока се направија и предлог законски измени во Законот за образование на возрасните, во кој се уредени постапките за валидација на неформално и информално учење.

Во периодот од мај 2020 година до јуни 2021 година  Центарот за образование на возрасните, во соработка со средното  угостителско училиште „Лазар Танев“ – Скопје реализираше активности поврзани со процесот на пилотирање на Валидација на неформално и информално учење за квалификацијата Келнер.

Пилотирањeто на Валидацијата во неколку етапи се одвиваше во средното угостителско училиште „ Лазар Танев“ – Скопје.  Во текот на пилотирањето беа опфатени  четирите фази на процесот на валидација на неформално и информално учење: идентификација, документација, проценка и сертификација.

Процесот на валидација на неформалното и информалното учење успешно го поминаа седум кандидати келнери со долгогодишно искуство. Кандидатите ги покажаа своите знаења, вештини и компетенции од областа со која се занимаваат и преку признавање на истите се стекнаа со сертификат за квалификацијата Келнер.

Login (0)

Want to write a blog post ?

Don't hesitate to do so! Click the link below and start posting a new article!