Blog
Blog

Успешни приказни- ПРЕДА Плус

стартапи

Во ова интервју имав можност поблиску да се запознаам со Маријана Милевска- директор на ПредаПлус за Македонија, член на големото семејство на Преда, како проект за мали и средни претпријатија со поддршка од Швајцарија, кој значително еволуирал и во 2007г се развил во Регионална агенција за економски развој, Пелагонија-ПРЕДА. Нешто подоцна организацијата се трансформирала во нова Фондација за одржлив економски развој- Преда Плус, а нејзините цели биле да обезбедат континуитет на една деценија инвестиции во развојот на институционалниот и човечкиот капитал. Она што во моментот го доживува Фондацијата е брз процес на раст во однос на членовите на тимот, прометот, географскиот досег и меѓународните операции во матичните земји на дејствување. Односно, ПРЕДА е промотор на одржлив економски развој и социјален просперитет преку помагање на јавни, приватни и граѓански иницијативи на локално и регионално ниво во Македонија и на Балканот. Еве го нашиот разговор:

 

  •  Како Преда се поставува во однос на процесот на доживотно учење и кариерен развој на возрасните?

ПРЕДА Плус е една организација која веќе 20 години работи на полето на развој на приватен сектор и креирање на работни места. И ако пред 10 години првиот предизвик со кој компаниите се среќаваа беа изнаоѓање на нови пазари и постигнување на стандарди, денес најголем број на компании ќе Ви кажат дека број еден проблем со кој се среќаваат им е кадарот и вештините со кои располагаат. Така доаѓаме до концептот на доживотно учење. ПРЕДА Плус верува дека треба да се има индивидуален пристап кон секој и да се понуди пакет кој ќе одговара не само на формалното образование на поединецот, туку и на наговиот/нејзиниот афинитет. Кариерното советување тука игра огромна улога и тоа не само пред почетокт туку и за време на на работниот век на поединецот, Некои истражувања денес предвидуваат дека еден човек ќе ја смени својата кариера 7 пати во животот и тука клучна улога игра доброто кариерно советување.

 

  •  Какви се конкретните активности на тоа поле?

Изминатите 5 години, ПРЕДА Плус е многу активна и на полето на надградба на претрпиемачките вештини кај младите во поширокиот регион на Битола. Под мотото „И од Битола се може(и)“, ПРЕДА Плус спроведе 5 стартап програми на преку 45 тимови кои работе на своите идеи за бизнис со специјализирани ментори и обучувачи. За крај, тимовите ги презентираат своите идеи пред потенцијални инвеститори.

 

  •  Кои се согледувањата од вашата работа?

Во рамките на стартап програмите, најуспешни не се тимовите со најиновативна идеа, туку тимовите кои се складни во вештините кои ги поседуваат, тимовите кои веруваат во својата идеја и кои се упорни. Уште еден битен наод е дека не е секој човек стартап материјал, но секој работодавач од друга страна пак, бара вработен со статап или претприемнички дух. Затоа вештините што се стекнуваат на вакви стартап програми се многу важни за кариениот пат на секој. 

 

  •  Дали младите ги прифаќаат предизвиците на неформалното образование и преквалификациите?

Денес младите како никогаш до сега прифаѓаат курсеви понудени од неформалното образование затоа што тие им нудат вештини на најновите технологии. Програмите кои формалното образование ги нуди се одлична база која до некаде е генерализирана, но сепак во овој „брз“ свет кој го живееме, неформалното образование  е многу побрзо да понуди понова технологија која се бара на пазарот на трудот. Од таа причина, неформалното образование си наоѓа голем простор во преквалификација на кадрите посебно сега кога некои занимања се појавуваат за првпат, а не постоеле воопшто пред пар години. 

 

  •  Кои се успешните приказни зад кои стои Преда?

Успешните приказни на ПРЕДА Плус се сите стартап идеи кои биле развивани со нашите ментори и тренери. Сите промени кои несвесно или свесно поединецот ги прави додека учи низ стартап програмата, но и среќава нови лица со свои идеи или инвеститори и успешни претприемачи. Трасформацијата за 6 недели која лицата ја доживуваат е видлива и тоа е најголемиот успех во држава каде повеќе од 50% од младите очекуваат работно место во државна администрација. 

 

  •  Кои се препораките за секој млад и возрасен човек во поставувањето на сопствената кариера и откривањето пред пазарот на трудот?

Учењето никогаш не престанува, ниту ширењето на сопствената мрежа на соработници, колеги, ментори... Постојат толку многу можности денес, па и за работа од далечина и други форми на вработување како никогаш до сега. Само треба да се потрудиме да откриме што најмногу ни прави задоволство и потоа да го усвоиме вистинскиот сет на вештини. Ако сме среќни и задоволни во тоа што го правиме, веќе сме поминале добар дел од патот на успехот. 

 

  •  Кои се ваши идни планови?

ПРЕДА Плус ќе продолжи со своите стартап програми за кои има интерес и од приватниот сектор и од академијата. Идејата за една нова стартап програма во моментов се крчка. Во меѓувреме работата е посветена на развој на Битола и тоа на оние на кои најмногу им треба, а тоа е ромската заедница на Баир затоа што развојот не се мери само како просечно живее еден битолчанец, туку колку помалку има разлика меѓу најбогатиот и најсиромашниот битолчанец. Токму заради тоа во наредните 2 години фокусот на ПРЕДА Плус ќе биде и на оваа најранлива категорија на битолчани, ромското население во битолската населба Баир.  

 

Login (0)

Want to write a blog post ?

Don't hesitate to do so! Click the link below and start posting a new article!