European Commission logo
Логирај се Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Blog

СВЕТСКИ ДЕН НА ВЕШТИНИТЕ НА МЛАДИТЕ

Да го препознаеме потенцијалот на младите и да им овозможиме можности за градење одржлива и просперитетна иднина.

TreeImage.
Elena Siljanoski
Community Hero (Gold Member).

Младите луѓе имаат речиси три пати поголема веројатност да бидат невработени отколку повозрасните и постојано се изложени на послаб квалитет на работни места, поголема нееднаквост на пазарот на труд, и се повеќе и повеќе несигурни во транзицијата училиште-работа. Покрај тоа, жените се со поголема веројатност да бидат невработени, недоволно платени или со работни места со скратено работно време или со привремени договори.

Тоа е причината зошто образованието и обуките се клучните детерминанти за успех во пазарот на трудот. Но, за жал, постоечките системи не можат да одговорат на потребите за учење на многу млади луѓе, а истражувањата на резултатите од учењето и вештините покажуваат дека голем број на млади лица имаат ниски нивоа на достигнувања во основната писменост. Вештините и работните места за младите имаат значајно место во Агендата 2030 за одржлив развој, и за значително зголемување на бројот на младите и возрасните кои имаат соодветни вештини.

15 јули е Светски ден на вештините на младите, и Обединетите нации го одбележуваат овој ден со специјален настан. Како и секоја година така и оваа глава тема е Развојот  на вештини за подобрување на вработувањето на младите. Исто така се поголема е  за подршката на младите луѓе кои се вклучени на пазар на трудот преку обука и развој на вештини, а се  клучен сегмент  за постигнување на Агендата 2030.

 Оваа година УНДП  го одбележува #WorldYouthSkillsDay со информации за неколку  клучни активности директно насочени кон креирање можности за развој на вештини за младите: 

-Скоро млади невработени луѓе годишно успешно поминуваат обуки за претприемништво и се стекнуваат со претприемачки вештини за водење сопствен бизнис

-Околу млади невработени жени се дел од атрактивните обуки за негователи со што добиваат вештини на иднината со цел поактивно учество на пазарот на труд 

-Во соработка со Semos Education, млади лица добија можност да се здобијат токму со оние дигитални вештини кои се најмногу барани во приватниот сектор 

-Преку Youth Resource Center - ICan, лица добија сертификати за успешно поминати обуки и стекнати вештини потребни за побрзо и поквалитетно вработување 

-Млади студентки, како дел од иницијативата GEG North Macedonia, посетуваа обуки за вештини на иднината во областа на градежништвото

Младите За: Активни играчи на пазарот на труд

-Младите За: Вештини на иднината за работни места на иднината 

-Младите За: Дигитални агенти на промени 

Да го препознаеме потенцијалот на младите и да им овозможиме можности за градење одржлива и просперитетна иднина. 

#SDGs#YouthSkills#youthskillsdevelopment

Login (0)