European Commission logo
Логирај се Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Blog

Со квалитетно образование до одржлив економски раст и развој во општеството

Образованието е еден од клучните столбови на државата, особено на држава како што е Република Северна Македонија, каде што еден од најголемите проблеми е токму образовната структура.Образованието е еден од клучните фактори за развој на економијата и еден од главните лимитирачки фактори за раст и  развој на земјата и општествените текови. Образованието има важна функција во секое општество. Поради важноста на образованието секоја држава сака да ја дефинира својата концепција и содржина, за секој поединец да ги прифати вредноста и нормите на системот. Поради тоа државата обезбедува финансирање на образованието. 

Човечкиот капитал т.е. образованието е важно средство за постигнување повисок економски раст и развој. Образованието е процес со кој општеството ги пренесува акумулираните знаења, вредности и вештини и  им овозможува на луѓето да учествуваат во одлуки за начинот на кој ги изведуваат работите, поединечно или колективно, локално или глобално, за да се подобри квалитетот на живеењето сега, но без да се предизвика уништување на планетата во иднина.

Основна цел на образованието е да го подготви и приспособи поединецот на повеќето животни предизвици, било да се тие приватни или професионални, со кои истиот ќе се соочи во текот на својот живот. Процесот на учење претставува основен психолошки процес кој ја следи едукацијата и преку кој се формира човековиот карактер. Вредностите, ставовите, знаењето, умеењето, мотивите се само дел од оние карактерни особини кои се формираат токму низ процесот на учење.

Социјализацијата на поединците, благодарение на која истите се формираат како социјални битија, во основа претставува процес на социјално учење. Стратегијата на социо - економскиот развој става акцент на улогата која ја игра образованието во подигањето на свеста кај младите луѓе. Токму од тие причини и постои тесна поврзаност меѓу економскиот растеж и човечкиот капитал. Имено, кога економијата е во подем, побарувачката за определени типови човечки капитал се зголемува.

Образованието е од големо значење за општините, асоцијациите, компаниите и семејствата, отвора многу  можности за иднината, со воведување на вештини за учество. Социо - економскиот развој им помага на поединците да го развијат своето знаење, разбирање, вредности и способности. Образованието, односно знаењето, претставува основа за надминување на ограничувањата поврзани со ниската продуктивност на трудот. Економскиот раст и развој е тесно поврзан со синергијата меѓу новите знаења и човечкиот капитал.

Формирањето на човечкиот капитал, a со тоа и стапката на економски раст, во голема мера е определена од висината на стапката на упис на децата во предучилишно и основно образование, што пак, индиректно придонесува за надминување на неповолните семејни влијанија, искоренувањето на традиционалните навики и сфаќања, како и врз совладувањето на стравот од промените. Средното и високото образование значително ја зголемуваат можноста на поединецот за наоѓање работа и приход. Новите технологии, јасно е дека се од мало значење за земјите на кои им недостига квалификуван кадар, кој знае како да ги употребува истите. Притоа, еднаш стекнатото знаење низ процесот на формално образование, треба постојано да се обновува и надградува, во рамките на неформалното образование, т.н. концепт на постојано учење. Но, образованието не е единствениот начин да се инвестира во човечки капитал. Поединците учат и се обучуваат и надвор од училиштата и универзитетите, на своите работни места. Обуката низ работа е значаен извор на зголемена заработка, што поединци ја добиваат стекнувајќи се со поголеми искуства, знаења, вештини и способности.

Образованието е фундаменталната основа на економијата на знаење. Добро образованите и вешти луѓе се есенцијални за успех во глобалната конкуренција. Имајќи во предвид дека за економијата на знаење се карактеристични работниците на знаење, образовниот систем во земјата е од пресудно значење за креирање на овие работници на знаење. Основното и апликативно истражување својата вредност можат да ја истакнат со нивна примена за решавање на практични проблеми во реалноста, особено за потребите на индустријата т.е технолошките потреби.

Доживотното учење вклучува учење во текот на целиот живот, од раното детство до пензиониорањето. Тоа во себе вклучува формално учење (училишта, институции за тренинг, универзитети), и неформално учење (вештини научени од членови на семејството или луѓе од заедницата). Доживотното учење е клучно за подготовка на работниците за натпревар во глобалната економија. Од друга страна, истото овозможува и поголема социјална кохезија на луѓето во своите заедници, намалување на криминалот и подобрување на дистрибуцијата на доходот.

Образованието креира избори и можности, ја намалува сиромаштијата и им дава на луѓето поголем глас во општеството. Добро образованите и вешти луѓе се потребни за креирање, споделување, дисеминација и употреба на знаењето на поефикасен начин во глобалната околина која радикално ги менува видовите на вештини потребни за економски успех.Образованието и човечкиот капитал се клучна алка која ги спојува останатите елементи од економијата на знаењеhttps://ads.faktor.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=47&loc=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Fnema-odrzhliv-ekonomski-razvoj-bez-kva&referer=https%3A%2F%2Fwww.google.com%2F&cb=a0e6880d68то.

Квалитетното високо образование и обука се клучни за економиите кои сакаат да се движат нагоре по синџирот на додадена вредност и да ги остават зад себе производствените процеси и прозводи со ниска додадена вредност.

Инвестирањето во образованието е важна одлука, која носи големи придобивки: од една страна  економски придобивки, бидејќи добро образована работна сила го зголемува потенцијалот на нашата земја за одличност и компетитивност,  а од друга страна  носи и социјални придобивки, зошто создава услови за еднакви можности и социјално учество.

https://ads.faktor.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=47&loc=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Fnema-odrzhliv-ekonomski-razvoj-bez-kva&referer=https%3A%2F%2Fwww.google.com%2F&cb=46fee233d5Образованието овозможува земјата да има одржлива иднина. Образованието за одржлив развој создава информирана публика која поддржува современа политика за животна средина, социјална и економска политика и легислатива која го подобрува квалитетот на живот, т.е. општествената благосостојба на сите членови на едно општество. https://ads.faktor.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=47&loc=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Fnema-odrzhliv-ekonomski-razvoj-bez-kva&referer=https%3A%2F%2Fwww.google.com%2F&cb=31b4ea5845

Образованието како процес мора постојано да ги следи светските трендови во економијата и да излегува во пресрет на барањата на реалниот сектор.  Од тука гледано образованието е клучот за економскиот раст на една земја.

Една од најважните алтки за економски раст и развој  покрај стекнатото образование е и едукацијата и доквалификацијата на вработените кои претставува промена во специфичните знаења, способност, вештини и однесувања со цел да се подобри квалитетот на работата што се извршува. Пазарната економија во денешно време е толку променлива што ги принудува компаниите да водат економска политика која се базира на знаење и иновативност  за да опстанат на домашниот или меѓународниот пазар. Економијата која се базира на знаење е условена од постојано усовршување, истражување, комуницирање, критично мислење, способност за брзо донесување на одлуки и уважување на етичките принципи на однесување.

Брзиот развој на технологијата, исто така, бара примена на процесот на континуирано учење во целост, бидејќи промените се толку неизвесни и брзи, што дури и поединци со високо образование мораат континуирано да учат за да се приспособат на нив. Во денешно време за основен двигател на социјалниот и економски раст и развој во земјите се сметаат човековата интелигенција и образование, додека опстанокот и развојот на компаниите повеќе од кога било е условен од правилната искористеност на човековиот потенцијал. Многу компании етаблираат концепти за управување со знаењето како начин да обезбедат поквалитетна услуга за своите клиенти, да иновираат производи и услуги, како и да привлечат нови вработени овозможувајќи им простор за континуирано учење и развој. Основен предизвик за денешните компании претставува формирањето на соодветни работни услови и атмосфера, каде што ќе доминираат талентот на постоечките и на новите вработени. Ова е возможно доколку се употреби правилен пристап во управувањето со човечките ресурси, кој значи соодветно планирање на работниот кадар и спроведување на континуирана едукацијаонтинуираната едукација на вработените претставува флексибилно организирана активност која се базира на општествено-институционални и самообразовни напори.

Континуираната едукација претставува функционално усовршување на сите аспекти од човековото живеење, како на приватен така и на професионален план. Повозрасните генерации на некој начин се инфериорни, во однос на помладите генерации, во примената на новите технологии и вештини. Оттука се јавува и потребата од постојано учење кај нив. Организациите се дел од социјалното живеење и како такви претставуваат основни носители на образовниот процес. Образованието веќе не претставува привилегија на луѓето на високи позиции, туку претставуваа обврска на сите вработени, на сите хиерархиски нивоа. Успешни организации во денешно време се само оние организации кои вложуваат во континуирана едукација на своите вработени. За правилно да функционира едно општество кога се има предвид образованието, треба да постои правилен однос на релација општество - организација.

Општеството треба да стимулира образование на однапред познат број на работни профили на вработени, онолку колку што имаат потреба разните видови индустрии. За возврат индустриите треба да овозможат вработување и континуирана едукација и усовршување на вработените. Со континуираната едукација и усовршување на вработените, всушност, се преобразува и организацијата, се истакнува нејзината конкурентност, флексибилно одговара на промените во опкружувањето и на крај доаѓа до израз квалитетот на услугата или производите што ги нуди, а со тоа и до раст и разој на економијата.

Likeme (1)