European Commission logo
Логирај се Креирајте профил

Popular searches on EPALE

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Blog

Ромската инклузија меѓу политика и реалност: Наоди од Извештајот на Европската Комисија 2025

Ромалитико ги анализира наодите од Извештајот на ЕУ за 2025: постои напредок, но и понатаму остануваат сегрегацијата, нееднаквоста и потребата од еманципација.

Како и секоја година, Ромалитико продолжува да ги следи и анализира наодите, заклучоците и препораките кои произлегуваат од најновиот Извештај за напредокот на Република Северна Македонија за 2025 година на Европската Комисија, со посебен фокус на деловите кои се однесуваат на ромската заедница.

Европската Комисија нотира дека земјата постигнала задоволителен напредок во спроведувањето на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, а именувањето на Министер без ресор како Национален координатор претставува значаен институционален чекор.

Сепак, Комисијата повторно истакнува дека стратегијата сè уште нема доволен фокус на:

  • учество на Ромите во процесите на одлучување,

  • нивна еманципација,

  • системско градење капацитети во заедницата.

Остануваат предизвици како ограничена интеринституционална соработка, умерена имплементација на акцискиот план за права на ромските жени и девојки, како и нееднаква образовна положба на децата Роми.

Образование: помеѓу пристап и сегрегација

Во учебната година 2024/2025:

  • 10.288 ученици Роми се запишани во основното образование,

  • 2.157 ученици Роми во средното,

  • 934 стипендии се доделени за ученици,

  • 150 стипендии за ромски студенти,

  • 44 ромски образовни медијатори се активни во 26 општини.

Иако се бележи пристап до сите нивоа на образование, Комисијата нагласува дека:

не постојат систематски мерки за спречување на осипувањето, поддршка за деца кои го напуштаат образованието и полно спроведување на задолжителното образование.

Сегрегацијата останува еден од најсериозните предизвици.

Вработување: почетни резултати, потреба од континуитет

Во програмата Гаранција за млади биле вклучени 1.453 Роми, од кои 271 добиле понуда за вработување во рок од 4 месеци.

Препораката е државата да засили активни мерки на пазарот на трудот, со фокус на:

  • млади,

  • долгорочно невработени,

  • лица со ниски квалификации,

  • жени и Роми,и при тоа да обезбеди евалуација на ефективноста на мерките.

Здравство и домување: ограничен напредок

Во здравството постојат напори за намалување на нееднаквостите, но влијанието останува ограничено.Главни препреки се:

  • дискриминација,

  • недостиг на доверба,

  • ограничен пристап до услуги.

Во домувањето продолжува мапирањето на ромските населби, но голем дел и понатаму не се опфатени со урбанистички планови, што значи:

  • ограничен пристап до јавни услуги,

  • правна несигурност на живеалиштата.

Антидискриминација: висока застапеност на случаи по етничка припадност

Во 2024 година се регистрирани 485 пријави за дискриминација, од кои најголем број се однесуваат на етничка припадност – категорија која несразмерно ги засега Ромите.

Дополнително, забележани се случаи под засилен мониторинг поврзани со:

  • полициска бруталност,

  • нарушување на приватност,

  • дискриминација на ученици Роми.

Дигитална нееднаквост

Европската Комисија нотира и недостаток на дигитални вештини и ограничен пристап до технологија кај Ромите, што влијае врз:

  • образование,

  • здравствени услуги,

  • вработување,

  • социјална заштита.

Заклучок и став на Ромалитико

Потребни се дополнителни напори и ресурси за:

  • намалување на образовната и просторната сегрегација,

  • борба против антициганизмот,

  • засилено учество и еманципација на ромската заедница,

  • стабилни, долгорочни решенија, а не временски мерки.

Ромалитико ја поздравува институционалната поддршка, но укажува дека:

Преведувањето на политиките во конкретни, одржливи резултати на терен останува клучниот императив за вистинска инклузија.

Текстот е превземен од https://romalitico.org/04/11/2025/vesti/romite-vo-izveshtajot-na-eu-za-…

Likeme (3)
Themes addressed

Коментари

Users have already commented on this article

Логирај се или регистрирај се за да постираш коментари.