Реални приказни од едни животни борци

Во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола се реализира четвртата работилница од проектот „Биди свој! Креативни програми за сите возрасти“ на тема „Фиктивни - реални приказни“.
Овој проект е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Работилницата ја реализиравме во соработка со Здружението на дијабетичари од Битола заедно со претседателката Душанка Атанасовска и дел од членовите на здружението.
Инспирирани од потребите и проблемите кои тие како дијабетичари ги имаат во нивниот живот борејќи се со оваа подмолна болест, ги поттикнавме на раскажување на нивни реални приказни. Приказни кои покажуваат реална слика како е да се живее со оваа болест и со кои предизвици се соочуваат тие секојдневно или „слатко-горчливи“ маки како што велат тие самите. Ова се приказни кои ние сакавме да допрат до пошироката јавност, бидејќи искуствата на овие луѓе можат да претставуваат совет и лекција за сите нас. На ниво на Република Северна Македонија формирано е и Здружението „Советувалиште за дијабетичари“, кое сите можат да го следат на нивната fecabook страна, за подетелни информации.
НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола преку овие настани придонесува да се слушне гласот на овие луѓе. Тие се пример како преку читање и пишување можеме да си помогнеме во процесот на лекување, а истовремено да можеме да помогнеме и на новите случаеви, кои за жал се повеќе ги има како последица на модерното време во кое живее.