Проект : Хуманитарно добротворно здружение на Роми – Месечина Гостивар „Регистрирај се – биди видлив“

Во Република Северна Македонија постојат одредена група на лица кои што не се евидентирани во матичната книга на евиденција, немаат извод на родени, немаат документи за лична идентификација и врз основа на тоа немаат пристап до институциите заради остварување на основните човекови права.
Оваа состојба налагаше да се донесе преодно решение со кое што на оваа маргинализирана категорија на лица ќе им се овоможи обезбедување на посебна евиденција во матична книга родени и идентификациона исправа како појдовна основа за остварување на право на образование, социјална заштита, здравствена заштита и вработување. Заради оваа ситуација се пристапи кон прибавувањето на лични документи, вклучувајќи извод од матичната книга на родените, идентификациона исправа и други документи кои што се од суштинско значење за постапките пред надлежните органи како што се Центри за социјална работа, Здравствени институции, Агенција за вработување, училишта и остварување на основните човекови права. Заради таа цел е и потребата за решавање на овој проблем за не- евидентирани лица во матична книга на родените која што е актуелен повеќе години наназад.
Лицата не-евидентирани во матична книга на евиденција во најголемиот број на случаеви се лица кои што живеат и/или се родени на територијата на Република Северна Македонија, а не се запишани во матична книга на родени и немаат својство на странец со регулиран престој согласно закон. Овие лица најчесто се на маргините на општеството затоа што правната невлидливост во политичкиот систем оневозможува пристап до основните човекови права и обврски. Истите немаат пристап до основна здравствена и социјална заштита, образование, вработување и тнт. Во изминатиот период се спроведе Акција за евиденција на лица во матичната книга и идентификувани се неколку клучни проблеми кои што не може да се решат без донесување на законско решение. Во рамките на Акцијата за евиденција на лица во матична канига на родени и Јавниот повик од страна на мобилните тимови најдени се околу 700 лица кои што не се запишани во матична книга на родени.
Животот без документи има големо влијание врз илјадници Роми кои живеат во Западниот Балкан, предупредува извештајот на Европскиот центар за ромски права, Институтот за бездржавјанство и инклузија и Европската мрежа за бездржавјанство (European Network on Statelessness). Република Северна Македонија е една од државите која прави напори да го реши оваа прашање. Обврските кои ги има прифатено нашата Влада во однос на решавање на потребите на Ромите во Република Северна Македонија е и да се реши прашањето со лицата неевидентирани во матичната книга на родени. Овие обврски се договорени прифатени со акцискиот план за Роми кој заедно со Високиот преставник на DG NEAR Marta Fidalgo се планираа на Roma seminar организирани во Скопје 2018 и 2019 година.
Собранието на Република Северна Македонија исто така при крај на 2019 година го ратификува Конвенцијата за намалување на бездржавјанството на Обединетите нации од 1961 година која индиректно ќе ја олесни и постапката за да се утврдува идентитет и да се регистрираат сите оние кои се соочуваат со овој проблем.
Поради сето ова горе наведено НВО Месечина – Гостивар започна со имплементација на проектот:„Регистрирај се – биди видлив“ финасиски поддржан од ЦИВИКА Мобилитас ( CIVIKA Mobilitas)
Главната цел на проектот е: Придонес кон општествено опкружување за остварување на човековите права, владеење на правото, правична општествена, економска и социјална инклузија во Република Северна Македонија.
Оваа цел ќе се остварува преку: Подобрување на општественото опкружување и соодветно имплементирање на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, создавање на силно посветени конституенти од ГО за помош и активен граѓански ангажман во општественото вклучување на неевидентирани лица во матичната книга на родени.
Оваа акција се стреми кон обезбедување на социјално одговорно општествено опкружување кое е посветно во остварување на правата на неевидентирани лица во матичната книга на родени. Граѓански придонес во креирање на услови за остварување на човековите права и владење на правото преку развиен механизам за соработка, помош и посветеност за општествено вклучување на лицата не -евидентирани во матична книга на родени. Општествено вклучени лица кои биле нерегистрирани во матичната книга на родени.
Овој проект ги опфаќа следните активности:
-Работни средби со преставници на институции и преставници на граѓанските организации кои работат на пршања поврзани со Ромите а посебно со лица кои не се регистрирани во матичните книги на родени;
-Работилница за креирање на Акциски план за остварување на правата и обврските кои произлегуваат од законот како и формирање на тим за информирање и административна помош;
-Обука на тимот за информирање и административна помош на локални тимови за помош, координирање и информирање на институциите и граѓанските организации;
-Административна помош за регистрација на лицата неевидентирани во матичната книга на родени;
-Посредување при остварување на правата во образование, вработување, здравство и социјална помош.
Во рамки на проектот се организраа следниве активности:
Прва фаза од проектот:
Работни средби со преставници на институции, на работните состаноци учествуваат преставници на: Министерството за Труд и социјална политика, Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матичните книги и Агенцијата за вработување.На истите се разговараше за ефективна имплементација на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени.
Заклучоците и препораките од работните средби ќе се искористат за подобрување на ефективноста на спроведување на законот.
Работни средби со преставници на ГО: Се организираа 10 работни средби со преставници на граѓански организации на локално ниво. На работните средби ќе се разговара за ефективна имплементација на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени.
Заклучоците и препораките од работните средби ќе се искористат за подобрување на ефективноста на спроведување на законот. Средбите се организираат во Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Штип, Гостивар, Тетово, Кичево, и Велес.
Работилница за креирање на Акциски план за остварување на правата и обврските кои произлегуваат од законот. Се организира дводневна работилница за креирање на Акционен план за спроведување на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени. На дводневната работилница ќе учествуваат 15 преставници на министерствата задолжени за импелемтација на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени (МТСП, МВР, МОН, МЗ, АВРМ, УВМК и преставници на ГО кои работат на со целна група Роми, владеење на право, човекови права.
Учесниците ќе работат во креирање на акциски план за ефикасна имплементација на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени. Со оваа активност ќе се подготви Акционен план за ефективна примена на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени.
Овие (3) три активности се насочени за постигнивање на социјално одговорно општествено опкружување кое е посветно во остарување на правата на неевидентирани лица во матичната книга на родени.
Втората фаза во проектот е: Граѓански придонес и креирање на услови за општественото вклучување на неевидентирани лица во матичната книга на родени.
Оваа компонента ги опфаќа следните активности:
Формирање на тим за административна помош и информирање. Проектниот тим ќе распише оглас за ангажирање на 10 лица активисти на локални граѓански организации кои имаат проверено искуство за работа со лица неевидентирани во матичната книга на родени. При формирањето ќе се внимава на географската покриеност и половата рамноправност на членовите на тимот. Огласот ќе се објави на веб страната на НВО Mесечина и социјалните мрежи во почетокот на (2) вториот квартал од спроведување на проекот. Во понтамошниот период ќе се формира и тим од 10 локални асистенти за административна помош и информирање на лица неевидентирани во матичната книга на родени истите ќе бидат обучени за ефективна имплементација на законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени. Преку оваа активност ќе добиеме 10 обучени преставници од ГО асистенти за административна помош и информирање на лицата неевидентирани во матичната книга на родени кои ќе соработуваат со 10 матичари предложени од УВМК, кои се запознаени со проблематиката на лицата не евидентирани во матичната книга на родени. Тимот од 10 асистенти за администартивна помош и информирање на лицата неевидентирани во матичната книга на родени ќе биде одговорен за директна комуникација со лицата неевидентирани во матична книга на родени, а кои претходно се евидентирани во базата на неевидентирани лица во матичната книга на родени во општините Шуто Оризари - Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Штип, Гостивар, Тетово, Кичево, Велес. При комуникацијата ќе се даваат информации и административна помош за лицата да поднесувааат барања за вондреден упис и со тоа започне постапката за евиденција во посебниот регистар кој е предмет во Законот за неевидентирани лица во матичната книга на Родени. Сите лица кои во меѓу време ќе добијат посебен извод на родени и идентификациона карта ќе им се помогне да започнат постапки за остварување на правата од образование, здравство, вработување и социјална помош. Членовите на тимот тесно ќе соработуваат со институциите засегнати со оваа проблематика а ќе го користат и акцискиот план кој е донесен во претходната фаза на проектот. Оваа проектна активност ќе биде координирана од Проектниот координатор и Проектниот асистент, а дирекната помош на лицата ќе ја даваат 10 лица асистенти за администартивна помош и информирање. Оваа активност ќе се спроведува 10 месеци, а ќе започне третиот квартал од првата година од спроведување на проектот.
Со оваа активност ќе се помогне на 700 лица неевидентирани во матичната книга на родени да поднесат барање за дополнителен упис и сите тие кои ќе се здобијат со извод од посебниот регистар и идентификациона легитимација администартивно че им се помогне да се отпочне постапка за социјална помош, регистрација во агенцијата за невработени, здавствена заштите и нивните деца да се запишат во основно образование или образование за возрасни.
Со овие две активности се очекува остварување на вториот резулат.Граѓански придонес во креирање на услови за остварување на човековите права и владење на правото преку развиен механизам за соработка, помош и посветеност за општествено вклучување на лицата не евидентирани во матична книга на родени;
Третата фаза во проектот е насочена кон граѓанско учество, граѓанските организации активно учествуваат во процесите за социјална инклузија, како што е подобрување на способностите, достоинството и можностите на македонските граѓани кои се обесправени по основ на нивниот идентитет, да бидат дел од општеството.
Во рамки на проектот ќе се организираат 10 информативни средби во заедницата каде живеат Роми. Овие средби ќе бидат организирани да се објасни законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, да се повикаат младите бремени мајки за начинот за пријавување на нивните идни деца во матичните одделенија во местото на живеење. Сите родители кои маат деца на возраст за образование да ги запишат децата во училиште и да се објасни постапката и начините како да се регистрираат за активни баратели на работа, да се стекнат со здравствен а заштита и социјално осигурување. Со оваа активност се обезбедува граѓанско учество во процесите за социјална инклузија, како што е подобрување на способностите, достоинството и можностите на македонските граѓани кои се обесправени по основ на нивниот идентитет, да бидат дел од општеството. Активноста ќе се спроведува во општините: Скопје , Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Штип, Гостивар,Тетово, Кичево, Велес, а ќе бидат координирани од страна на Проектниот координатор и Проектниот асистент.
Оваа активност ќе придонесе остварување на општествено вклучени лица кои биле нерегистрирани во матичната книга на родени и со тој бенифит и остврена цел ќе се пристапи кон вклучување во образовниот процес и пазарот на трудот.
Подготвил
Елена Силјаноски