Blog
Blog

“Проценка на КОмпетенции за РЕинтеграција” – иницијални резултати и изработени материјали во Erasmus+ проектот “CORE”

Овој напис дава преглед на првичните резултати од Erasmus+ проектот CORE, кој ја поддржува (ре)интеграцијата на младите од NEET - категорија

Времето потребно за читање е околу 6 минути – прочитајте, кликнете лајк, коментирајте!

Logo CORE-Projekt.

Стапките на невработеност на млади лица во некои од европските земји се се’уште многу високи и повторно се во пораст. Особено во земјите од Западен Балкан, многу млади возрасни од 16 до 30 години, не се ниту во работен однос, ниту во образование или обука (NEET – Neither in Employment, Education or Training) а со тоа и со висок ризик да претрпат долгорочни негативни ефекти, како што се пониски примања или поголема невработеност во иднина. Главна цел на проектот CORE, финансиран од Erasmus+ е да ја поддржи (ре)интеграцијата на младите NEET – лица (назад) на пазарот на труд или во образовниот систем, така што ќе се направат видливи нивните компетенции стекнати по неформален и информален пат.

Реалноста на младите NEET - лица и како тие да се поддржат

Во првата фаза од истражувањето, сите проектни партнери собраа информации за младите NEET – лица во своите земји (Босна и Херцеговина, Германија, Северна Македонија, Србија и Словенија), преку анализа на достапна литература како и експертски интервјуа и работилници со фокус групи со претставници од поединци што работат со наведената целна група, истражуваат на таа тема или пак и самите и’ припаѓаат на таа категорија.  

Целта на оваа фаза беше, од една страна, да се соберат генерални статистички информации за оваа целна група во земјата (на пример стапка на NEET – лица, стапка на невработеност кај младите, број на осипување во училиштата итн.) и, од друга страна, да се откријат специфичните потреби на овие млади возрасни луѓе. Преглед на некои од резултатите од истражувањето е сумаризиран подолу. За понатамошни подетални информации Ве молиме да го погледнете Се’опфатниот извештај за млади возрасни лица кои не се вработени, не се ниту во образование ниту обука.

  • Младите жени покажуваат повисоки стапки во категоријата NEET отколку мажите, претежно поради семејни обврски.
  • Дополнителни ризик фактори претставуваат ниското ниво на образование, миграциско потекло, попречености (за учење), разведени и/или невработени родители, ниски семејни примања или пак живеење во оддалечени региони.
  • Во Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Србија, младите Роми се изложени на особен ризик.
  • Пристапот до професионално кариерно советување и до програми за поддршка е честопати ограничен и не им е познат на младите NEET луѓе од земјите на Западен Балкан.

Кога ќе се погледнат овие наоди, веднаш се забележува големата хетерогеност што се крие позади поимот NEET. Вистина е дека овие млади возрасни лица покажуваат различност во поглед на нивните специфични ситуации и потреби, но ним им се заеднички потребите за советување и поддршка. Многу од младите NEET луѓе имале негативни искуства за време на образованието, им недостигаат квалификации во формалното образование, се мачат да го најдат своето место на пазарот на труд и мораат да се соочуваат со одбивање.

Затоа, тие можат да профитираат од професионалното советување во кое ќе се евалуираат и ќе им се предочат нивните неформално и информално стекнати компетенции. Овој процес на водена авторефлексија може да ја поттикне нивната самодоверба и да ги охрабри и да им помогне да ја најдат најдобрата вокација или образование/обука која што соодветствува на нивните компетенции и лични квалитети.

CORE-сет алатки – збиркa материјали за советување млади NEET возрасни

Проектот CORE има за цел да ја поддржи (ре)интеграцијата на NEET категорија млади преку обезбедување на материјали за советници што работат со таа целна група

За таа намена беше развиен CORE-Сетот алатки. За да се излезе во пресрет на гореопишаните ситуации и потреби на млади  NEET возрасни, сите проектни партнери собраа веќе постоечки алатки за проценка на компетенции, стручна ориентација, охрабрување и оспособување. Вкупно 27 алатки што се соодветни за NEET млади, а се бесплатно достапни онлајн беа селектирани и организирани за лесно користење. Секоја алатка е претставена преку презентација на факти, која нуди компактен преглед на најважните информации и обезбедува директен линк до алатката.

FactSheet Mazedonisch.

Приказ: Структура на презентациите на факти од прирачникот за советници, страница 11

Дополнително, во сетот алатки беа вметнати и 12 можности за поддршка на советници и NEET млади од балканскиот регион, се’ со цел да се надомести за недостатокот од вакви информации во тие земји.

Она од што бевме изненадени за време на составувањето на сетот алатки е сознанието дека во регионот на Балканот, речиси и не постојат алатки за проценка на компетенции и стручна ориентација. Ова ја нагласува важноста на проектната цел на CORE, да се адаптира веќе постоечкиот ProfilPASS (инструмент за проценка на информално и неформално стекнати компетенции) за NEET за истиот да се применува како алатка за проценка на компетенции (и кариерно водење) во овие земји.

Изработка на ProfilPASS –започни ја својата кариера! – нова адаптација на веќе успешно комплетираниот ProfilPASS

Според резултатите од интервјуата со експертите и од средбите со фокус групите, веќе постоечкиот ProfillPASS и ProfillPASS за млади луѓе не се во потполност подобни за проценка на компетенции стекнати по неформален и информален пат кај млади од категоријата NEET. Додека ProfilPASS за возрасни до некој степен очекува високо ниво на независна авторефлексија и јазични вештини и е пресложен за целната група, на ProfilPASS за млади, од друга страна, му недостига подлабинско истражување на компетенциите кај индивидуата и затоа истиот не бара доволно од кандидатот. На двата инструменти им недостига поврзаноста со искуства од реалниот живот на младите од категоријата NEET, факт што ја направи неопходна потребата за понатамошно развивање на инструментите.

Затоа, беше изработена комбинација од ProfilPASS и ProfilPASS за млади луѓе, со дополнителни нагодувања на јазикот, содржината и иѕгледот, се’ со цел да одговори на потребите на целната група. Новиот ProfilPASS – започни ја својата кариера! е достапен како отворен ресурс на сите јазици на проектните партнери (Германски, босански, македонски, српски и словенечки) како и на англиски јазик на CORE проектната веб страница. Овој нов инструмент е особено корисен за советници од регионот на Балканот, каде што алатките за проценка на компетенции и стручна ориентација се ретки и тешко достапни.

Дополнителен материјал што го придружува CORE-сетот алатки

Главната бариера  за пристапот на младите возрасни до професионална едукација или стручно советување во земјите од Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Северна Македонија Србија и Словенија) е недостатокот од советувачки структури и понуди. Проектот CORE ја поддржува професионализацијата на советниците особено во овој регион, преку обезбедување на курикулум за обука на советници како и водич за советниците. CORE-Курикулумот детално ги опишува специфичните тренинг модули за нови советници, додека пак CORE-прирачникот обезбедува дополнителни информации за советниците што работат со CORE-сетот алатки и ProfilPASS – започни ја својата кариера! Овие дополнителни материјали се достапни како отворен ресурс на проектната веб страница на сите јазици на партнерите.

Проектна рамка

На 1ви октомври 2019, започна 2-годишниот ЕУ - проект “Проценка на КОмпетенции за РЕинтеграција” како дел од Еrasmus+ програмата (проектна референца: 2019-1-DE02-KA204-006193). CORE е раководен од Германски Институт за образование на возрасни – Лајбниц Центар за доживотно учење (DIE) [German Institute for Adult Education - Leibniz Centre for Lifelong Learning] во улога на координатор, заедно со партнерските организации Здружение за развој на компетенции “S.K.I.L.L.S.” (SKILLS) од Босна и Херцеговина, Центар за доживотно учење (LLC) од Северна Македонија, Здружение на граѓани Ларис (LARIS) од Србија и Људска Универза Велење (LUV) од Словенија.

 

За авторките:

Евелин Бадер е соработник – истражувач при Германскиот институт за образование на возрасни – Лајбниц Центар за доживотно учење. Од 2019, таа го координира ЕУ проектот  CORE - “Проценка на КОмпетенции за РЕинтеграција”  (2019-1-DE02-KA204-006193)

 

Николина Гарача е претседател на Здружението за развој на компетенции "S.K.I.L.L.S." (Босна и Херцеговина), партнерска организација во ЕУ-проектот CORE – “проценка на КОмпетенции за РЕинтеграција”.

Login (0)

Сакаш друг јазик?

Овој документ исто така е достапен и на други јазици. Ве молиме изберете еден од наведените подолу.
Switch Language

Want to write a blog post ?

Don't hesitate to do so! Click the link below and start posting a new article!