European Commission logo
Креирајте профил
Blog
Blog

Пазарот на трудот и неформалното образование

Неформалното образование претставува важен сегмент за стекнување на дополнителни вештини и едно од најпродуктивните начини за наше дополнително усовршување надвор од образовниот систем  - а во последно време, со постојаните промени во бизнисот, се промовира и во еден од најефикасните начини за брзо квалификување за ново/прво работно место , а со тоа и поконкурентни  на пазарот на трудот .  

Неформалното образование е надвор од редовниот (формален) образовен систем, но тоа е институционализирано, се реализира од професионални квалификувани наставници или предавачи, има дефинирана образовна програма и придонесува кон зголемувањето на знаењата на поединецот.

Неформалното образование (НФО) во голема мерка го има поминато својот пат на признавање, валидација, верифицирање и прифаќање во земјите членки на Европската унија, и пошироко во светот. Тоа е составен дел од образовниот циклус во животот на еден човек, и добива своја валидација во професионалниот дел од неговиот/нејзиниот живот.

Овој вид образование претставува значаен инструмент преку кој, во релативно краток рок, невработените лица може да развијат вештини и компетенции што ќе им помогнат да бидат поконкурентни на пазарот на трудот.

Сите  досегашни  направени анализи укажуваат на тоа дека на пазарот на трудот постои јаз, односно разлика, помеѓу понудата на неформалното образование, (вклучително и формалното образование) и потребите на бизнис секторот од аспект на знаење, вештини и квалификации.Имено, формалното образование не нуди соодветни знаења и компетенции потребни на бизнис секторот, факт кој што може да се согледа и од образовната структура на невработените лица.  Таквата состојба поттикна да се прават промени во образовниот систем, со особен акцент на средното стручното образование и образованието на возрасни со цел да се понудат нови програми кои соодветствуваат со потребите на пазарот на трудот. Но, за имплементација на осовременети образовни програми потребно е време, што не оди во прилог на компаниите и бизнис секторот во целина. Од таа причина, неформалното образование треба да биде носител на потполнување на јазот помеѓу понудата и побарувачката на квлификации, со воведување на разновидна и соодветна понуда на програми за квалификации и вештини. Имајќи го предвид претходно кажаното потребно е да се унапреди системот на неформално образование од повеќе аспекти и тоа: - вклучување на повеќе понудувачи на обуки; - мотивирање на понудувачите на обуки за поголема флексибилност и иновативност при создавање и имплементирање на програмите; - воведување на кредит трансфер систем и модуларни обуки; - кофинансирање за одредени специфични програми.

Моменталната состојба на пазарот на трудот е таква што работодавачите, (примарно бизнис секторот) ја нагласуваат потребата од соодветен кадар. Имено, побарувачката на работна сила не може да се задоволи само со постојните знаења и вештини на невработените лица. Причини за тоа има многу (вклучително и ниската цена на трудот), но се понагласена е потребата и од дообука и преквалификација на невработените лица.  Работодавачите истакнуваат дека на невработените лица покрај стручни квалификации, потребни им се и „меки вештини“, односно вештини на комуникација, тимска работа, лојалност, флексибилност и сл.  Од занимањата , односно профили најбарани се ИКТ струките, работници во сместување и угостителство (готвачи, келнери, шанкери, собарки и сл.), преработувачка индустрија, трговија и градежна индустрија (монтери, гипсери, заварувачи и сл).

Проблемот на пазарот на трудот   изразен во форма на несоодветно квалификувани работници според потребите, кој понатаму би  влијаел на идниот економски раст и развој  преку создавање на бариери за претпријатијата креира јаз со кој ќе биде тешко да се пополнат работни места кои се високо побарувани, бидејќи динамичноста на економијата ќе бара соодветно формално образование и дополнителни обуки.   Тоа значи дека потенцијалниот проблем не е ограничен само на недоволен број на квалификувана работна сила, туку и на работна сила на која и е потребена соодветна комбинација на вештини кои се во согласност со барањата на националната но и на регионалните економии.

Менувањето на структурата на економијата каде имаме намалување на улогата на производствениот сектор, зголемување на важноста на услугите, унапредувањата на технологијата и интернационализацијата, се доказ дека фундаментите во која “работат” фирмите се променети, со што се зголемува побарувачката за високо образовани работници. Како резултат на тоа, работодавците за разлика од минатото, бараат работници со соодветно формално образование и вештини, како и соодветни обуки и напредни меѓучовечки комуникациски способности и вештини.

Според  една  анкета на Агенцијата за вработување на национално ниво , за слободните работни места, работодавачите се изјасниле дека се соочиле со одредени потешкотии при пополнување на работните места: не можат да се обезбедат работници со соодветно занимање, немање доволно работно искуство, немање на знаења и вештини за извршување на работните задачи кои ги побарува работното место.

Состојбата на пазарот на труд во Р. Северна Македонија преставува еден од клучните проблеми и предизвици со кој македонската економија се соочува со години наназад.

 Два фактори се пресудни за подобрување на состојбата на пазарот на труд, едната страна се работодавачите и нивните потреби (побарувачката), додека од друга страна е работната сила нејзиниот квантитет (бројност) и нивниот квалитет (возраст, образование, вештини, искуство итн.). Во оваа насока од исклучителна важност се потребите и предизвиците со кои се соочуваат работодавачите.

Националната Стратегијата за Вработување на Република Македонија за 2016- 2020 година ги следи принципите и целите на: Националната Програма на Економски Реформи 2020-2021,  Фискалната Стратегија 2020-2022, Европа 2020 и Стратегијата 2020 за Југоисточна Европа (ЈИЕ 2020). Основна цел на Националната Стратегијата за Вработување на Република  Северна  Македонија за  2020 година е „Зголемување на вработеноста, квалитетот на работните места и продуктивноста, со посебен фокус кон ранливите групи на население„.

 Главната цел ќе се оствари преку исполнување на следните специфични цели:

Цел 1: Зголемување на ефективноста и ефикасноста на политиката за вработување, со посебна поддршка за ранливите категории на население,

 Цел 2: Унапредување на капацитетот на приватниот сектор за креирање на работни места,

Цел 3: Образованието продуцира знаења и вештини според потребите на работодавачите.

Во Оперативниот план за 2020 година, детално се дефинирани: видот на услугите и програмите за вработување што ќе се имплементираат, целните групи на невработени, потребните финансиски средства и нивните извори, како и институциите надлежни за спроведување.

Активностите на АВРСМ во наредниот период, ќе бидат насочени и кон понатамошно зајакнување на соработката со работодавачите и квалитетот на услугите, како би се зголемила нивната доверба, а со тоа и побарувачката за посредување при пополнувањето на слободните работни места.

Фокусот во претстојниот период ќе биде насочен кон понатамошен развој на стручното образование и обука, образованието за возрасни, кон поттикнување и поддршка на различните форми на доживотно учење, поттикнување на претприемничката култура во различните нивоа и форми на образование, активно консултирање и вклучување и на локалната самоуправа и на социјалните партнери во процесите, пред сè - претставниците на бизнис заедницата итн.

 Во РЕВИДИРАНАТА ПРОГРАМА ЗА РЕФОРМИ ВО ВРАБОТУВАЊЕТО И СОЦИЈАЛНАТА ПОЛИТИКА 2022 – ЕСРП(Р)  е истакнато дека  особено е важно да се поттикнат и промовираат иницијативи за поблиска и ефикасна соработка на сите важни актери на локално ниво, врз основа на меѓусебно разбирање и посветеност на постоечките предизвици. Вклучувањето на локалната самоуправа, образовни институции, како што се универзитетите, даватели на обука, како и клучните субјекти кои го претставуваат локалното стопанство, може значително да ги збогати локалните партнерства помеѓу образовните институции и компаниите. Воспоставувањето на Регионалните центри за стручно образование и обука (РЦСОО) претставува значајна можност за оптимизација на инвестициите во средното стручно образование преку прилагодување на потребите на пазарот на труд и потребите на локалната задница со што би се намалил јазот помеѓу понудата и побарувачката на вештини.

Во РЕВИДИРАНАТА ПРОГРАМА ЗА РЕФОРМИ ВО ВРАБОТУВАЊЕТО И СОЦИЈАЛНАТА ПОЛИТИКА 2022 – ЕСРП(Р)  се изнесени продобивките од воспоставувањето на овие центри кои  вклучуваат:

 • Широк опфат на и ефекти од формалното и неформалното образование, пост-средното образование, образование на возрасни; • Оптимизирање на инвестициите во стручно образование и обука - вклучително и снабдување со стручно образование и обука (инфраструктура, но и со опрема); • Модерни и флексибилни наставни програми со можност за продолжување на практиканство во компании; • Имплементација на процес за валидација на неформално и информално образование; • Квалификација и преквалификација за вработени и невработени; • Ќе се активира вертикалната и хоризонталната проодност помеѓу видовите и степените на образование, која може да се реализира континуирано во текот на школувањето или дисконтинуирано, на пример, по вработувањето или во подоцнежните години; • Учениците во стручното образование, со вклучување директно во производството во компаниите и другите организации, ќе можат да стекнуваат знаења и вештини учејќи преку работа, со што работно ќе се оспособат, што ќе им помогне директно да се вклучуваат на пазарот на трудот.

Во РЕВИДИРАНАТА ПРОГРАМА ЗА РЕФОРМИ ВО ВРАБОТУВАЊЕТО И СОЦИЈАЛНАТА ПОЛИТИКА 2022 – ЕСРП(Р)  се дадени мерки:

 • Обезбедување поголема усогласеност на СОО со потребите на пазарот на труд; • Воспоставување современ и ефективен систем за пост-средно образование; • Мерки за подобрување на атрактивноста, условите за учење и квалитетот на СОО; • Имплементација на Концептот за учење преку работа; • Воспоставување Регионални Центри за стручно образование и обука.

За Развој и унапредување на неформалното образование и образованието за возрасни образованието за возрасни донесена е Стратегија за образование на возрасни 2019-2023 и формирано е Координативното тело за следење на мерката „Воспоставување на системот за валидација на неформално и информално учење“ во рамки на Стратегијата за образованието за 2018-2025 година.

Во референтниот период идентификувани се потребите за законски измени и изготвени се нацрт верзии на соодветната легислатива. Изготвени се и Методологија за валидација на неформалното и информалното учење и Анализа на провајдерите во системот на валидација на неформалното и информалното учење, како основа за понатаошен развој и унапредување на неформалното образование и образованието за возрасни.

Во РЕВИДИРАНАТА ПРОГРАМА ЗА РЕФОРМИ ВО ВРАБОТУВАЊЕТО И СОЦИЈАЛНАТА ПОЛИТИКА 2022 – ЕСРП(Р)  се дадени мерки:

• Зголемување на свеста за значењето, можностите и вклученоста во неформалното образование (НО) и образованието за возрасни (ОВ) и зголемување на знаењата, вештините и компетенциите на возрасните; • Подобрување на ефикасноста, содржината и квалитетот на неформалното образование и образованието на возрасни и зголемување на бројот на даватели на НО и ОВ.

Вака поставени состемски решенија во иднина треба да донесат позитивни резултати на полето на вработувањето.

Подготвил

Елена Силјаноски

 

 

 

 

 

 

 

 

Login (1)

Want to write a blog post ?

Don't hesitate to do so! Click the link below and start posting a new article!