Blog
Blog

Дигитализација на образованието на возрасните: од можност до неопходност

Во овој специфичен период низ кој минуваме, на неколку наврати се потсетувам на моето учество на конференција во Берлин, што се одржуваше во јуни 2016 година, во организација на Германските Народни Универзитети, на тема посветена на дигитализацијата на образованието на возрасните.

Тогаш, а 2016 не е толку далеку во минатото, темата како таква беше исклучително актуелна и интересна за дебатирање, од аспект на согледувањето на потенцијалите и можностите што технологијата ги нуди, а се во корист на унапредување на образованието на возрасните.

Денес, само 4 години подоцна, во екот на пандемијата со Ковид-19, дигитализацијата на образованието на возрасните ја доживуваме од нов агол и зборуваме за нејзината неопходност.

Гледајќи на улогата на дигитализацијата на образованието на возрасните во нашата земја, би сакала да повлечам паралела меѓу  нејзиното значење во 2016 и денес, и да изведам pro и contra аргументи, како одговор на следниве прашања:

Кои придобивки ги нуди дигитализацијата во нормални прилики, а кои во услови на пандемија?

Во вообичаеното секојдневие:

- дигитализацијата сама по себе е можност и прилика. Различни фактори во нашата земја придонесуваат за тоа во колкава мера понудувачите на различни форми на образование на возрасни се во можност, имаат услови и реално остварливи капацитети да понудат модернизирани содржини, користејќи медиуми и алатки за дигитализација на образовниот процес.

- дигитализацијата е прашање на избор – и за понудувачот и за учесникот во обраозванието. Степенот на модернизирање на образовните форми за формално и неформално образование на возрасните е прилагодлив на потребите и условите на двете страни вклучени во процесот.

- во модерното живеење и динамиката наметната од него, дигитализацијата нуди флексибилност, со што возрасните имаат можност да изберат како и кога ќе учат. Дали ќе одат на настава или пак ќе посетуваат настава онлајн – синхроно или асинхроно, користејќи мобилен телефон, таблет, компјутер.

Пандемијата, пак:

- драстично влијаеше врз социјалната интеракција, собирање во затворени простории, патувањето и мобилноста воопшто, со што во голема мера го промени начинот на работа на сите чинители на полето на образованието на возрасните и сама по себе наметна неопходност за адаптација кон овие прилики и изнаоѓање решенија, модели и пристапи, се’ со цел да се обезбеди континуитет во работењето и опстојувањето.

- во извесна смисла,  пандемијата ни даде неповторлива шанса за: модернизација на образовната понуда преку изработка на наставни содржини преку користење на алатки и нови техники, градење и јакнење на капацицитетите на кадрите вклучени во образовната работа со возрасни слушатели и генерално земено подигање на квалитетот на образованието на возрасните од аспект на негово прилагодување – реформирање кое можеби никогаш доброволно не би го направиле. Во овој контекст, убедена сум дека една од сигурните придобивки од пандемијата (колку чудно и да звучи дека од една глобална криза може да има и корист) е значително зголемување на понудата на онлајн обуки (без разлика дали за e-learning, distance/blended learning).

 

Зошто дигитализацијата е до извесен степен дискутабилна, независно дали порано или денес?

Модернизацијата е неспорна и неминовна и се подразбира дека е составен дел од напредокот, како во сите сфери, така и на полето на образованието на возрасните.

Но, кои се нејзините слабости и потенцијално негативни влијанија, независно дали во нормални или во вонредни услови?

Имено, имајќи го предвид образованието како основно човеково право и обврската на секоја држава да понуди образование за сите, а притоа гледајќи на образованието на возрасните како клучна алатка за намалување на невработеноста и сиромаштијата, се отвора дилемата и сомнежот дека дигитализацијата на образованието на возрасните ќе:

- придонесе кон дополнително исклучување на ионака веќе исклучените социјално ранливи од процесите, поради нивната немоќ да следат чекор со дигитални технологии (немаат мобилен телефон, живеат во средини без мрежа за телефонија и интернет, немаат компјутер итн.). Во светски рамки, постојат статистики за држави во кои само 35% од населението поседува мобилен телефон. Кај нас, иако статистиките велат дека 68% од домаќинствата имаат пристап до интернет, а има речиси 1,9 милиони претплати за мобилни услуги, се отвора прашањето дали недостатокот на дигитална писменост ќе доведе до зголемување на бариерите за учење кај маргинализираните и чувствивтелните групи граѓани и ќе го направи образованието на возрасните елитистичко и ексклузивно.

 

Login (1)
Themes addressed

Want to write a blog post ?

Don't hesitate to do so! Click the link below and start posting a new article!