chevron-down chevron-left chevron-right chevron-up home circle comment double-caret-left double-caret-right like like2 twitter epale-arrow-up text-bubble cloud stop caret-down caret-up caret-left caret-right file-text

EPALE

Eiropas Pieaugušo izglītības e-platforma

 
 

Kalendārs

Текстил-и-јад-а 3: "Позитивни примери од регионот - синдикати, организации и институции здружени за подобри работнички права"

Publicēja Nevenka Longurova Girova pirms 1 mēnesis 2 nedēļas

Piektdiena 11 Oktobris 2019 līdz Svētdiena 13 Oktobris 2019
Штип
,

Текстилијадата оваа година ќе се оддржи по трети пат од 11 до 13 октомври 2019 во Штип.

Насловот на овогодишната Текстил-и-јад-а 3 е: "Позитивни примери од регионот - синдикати, организации и институции здружени за подобри работнички права".
Истиот настан има за цел преку културата и уметноста да ја отвориме темата на локално и национално ниво, за склучување на партнерства за започнување на социјален дијалог за горливите теми кои не засегаат сите, најмногу младите и работниците/чките.
Настаните од социјален и уметнички карактер имаат за цел да поттикнат млади и работници да се вклучат во процесите на одлучување. Преку настаните да им се прикаже на јавноста за потребата од подршка за подобрување на правата на работниците.
Настанот ќе ги мотивира учесниците да излезат од рамките на сегашната пракса и за започнат да дејствуваат социјално, ангажирано и одговорно. Здружено и сложно да дејствуваме за потребните промени.

Некогаш работниците биле во центарот на културните случувања, а сега се оставени на маргините, културно и социјално отсечени. Овој настан има за цел да ја врати културата и уметноста помеѓу работниците.

Оваа година настанот е осмислен да се прикажат позитивните примери на граѓанските организации од регионот и државите Косово, Албанија и Србија кои започнале процес на соработка заедно со тамошните синдикати и институции. Воедно, имаме регионален проблем со слабата синдикализација на работниците и непочитување на работничките права поради, како што велат работниците во нашата земја, изгубената доверба во зборот и институцијата синдикат и нивната функционалност.
Гости на овогодинешната Текстилијада ќе ни бидат шведските синдикати кои ќе ни дадат примери и искуства како да овозможиме вистинска заштита на работничките права на нивните работни места преку синдикално организирање на вработените.

Агенда:


https://issuu.com/5112/docs/________

Забелешка: во однос на учесниците Гласен Текстилец го задржува правото да направи одредени измени.

 


English

Textilijada as an event this year will be held for the third time. It aims through culture and art to open the theme at local, national level, to conclude partnerships for starting a social dialogue on the burning issues that concern everyone, mostly young people and workers.

Events of social and artistic nature aim to encourage young people and workers to get involved in the processes of work that come to reality from the idea. Through an event to present to the public the need to support the improvement of workers' rights.

An event that will force the participants to get out of the current practice and begin to act socially, engaged and responsibly. Together to act for the necessary changes.

Once the workers were at the center of the cultural events, now they are left on the margins, culturally and socially cut off.

This event aims to restore culture and art among workers.

The title of Textilijada 2019 is "Positive examples from the region - trade unions, organizations and institutions associated for better labor rights". This year the event is designed to show the positive examples of civil society organizations from the region and the countries of Kosovo, Albania and Serbia that started a process of cooperation together with the trade unions and institutions there. At the same time, we have a regional problem with the poor unionization of workers and disrespect of workers' rights because, as the workers in our country say, the lost trust in the word and the union and their functionality. Guests of this Textilijada will be Swedish trade unions who will give us examples and experiences how to provide real protection of workers' rights at their workplace through trade union organization of the employees.

Our goal is through the Cultural and Artistic Center Textile - Stip, as a place for active citizen participation, to open the topic both locally and at the regional level for concluding partnerships and starting a social dialogue on the burning topics in the community.


 

Primārā valoda:
Dalības maksa: 
Reģistrācijas termiņš: 
08/10/2019
Tiešsaistes pasākums: 
Organizētājs: 
Здружение на граѓани Гласен Текстилец
Organizatora veids: 
Cits notikums
Share on Facebook Share on Twitter Epale SoundCloud Share on LinkedIn