chevron-down chevron-left chevron-right chevron-up home circle comment double-caret-left double-caret-right like like2 twitter epale-arrow-up text-bubble cloud stop caret-down caret-up caret-left caret-right file-text

EPALE

Elektroniczna platforma na rzecz uczenia się dorosłych w Europie

 
 

Calendar

„Застапување базирано на докази и вештини за обезбедување и обработка на податоци“

Posted by Nevenka Longurova Girova 2 months 1 vika ago

Tuesday 26 November 2019 to Thursday 28 November 2019
Велес
,

Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, во рамките на проектот „Правна помош и поддршка за застапување и одржливост на локални граѓански организации“, Ве поканува да учествувате на обуката за застапување базирано на докази за организации вклучени во програмата за менторство.

Обуката ќе се одржи од 26 – 28 ноември (вторник - четврток), 2019 година во х. Романтик во Штип. Се очекува учесниците да пристигнат на 26 ноември (вторник) до 10 часот. Обуката ќе трае до 28 ноември (четврток) до 14 часот.

Обуката има за цел да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за застапување и влијание на политики, легислатива и процес на одлучување на локално и национално ниво. Учесниците на обуката ќе се запознаат со принципите на застапување базирано на докази и ќе стекнат вештини за тоа како да ги обезбедат и обработат добиените податоци.

 Обуката за застапување базирано на докази се организира во рамки на проектот „ Правна помош и поддршка за застапување и одржливост на локални граѓански организации “ имплементиран од Македонското здружение на млади правници, Данскиот совет за бегалци, Фондацијата за развој на локалната заедница - Штип и Коалицијата Сите за правично судење, и е финансиски поддржан од Европската Унија.

Attending fee: 
No
Online event: 
Nei
Organised by: 
Фондацијата за развој на локалната заедница - Штип
Organiser type: 
Other event
Contact details: 
Невенка Лонгурова Гирова ngirova@frlz.org.mk
Target group: 
Projects & partnerships
Aims and objectives: 
Обуката има за цел да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за застапување и влијание на политики, легислатива и процес на одлучување на локално и национално ниво. Учесниците на обуката ќе се запознаат со принципите на застапување базирано на докази и ќе стекнат вештини за тоа како да ги обезбедат и обработат добиените податоци.
Share on Facebook Share on Twitter Epale SoundCloud Share on LinkedIn