chevron-down chevron-left chevron-right chevron-up home circle comment double-caret-left double-caret-right like like2 twitter epale-arrow-up text-bubble cloud stop caret-down caret-up caret-left caret-right file-text

EPALE

Elektroniczna platforma na rzecz uczenia się dorosłych w Europie

 
 

Calendar

HR Cafe & Networking во октомври!

Posted by LJUPKA KJURKCHIEVA 1 month 3 vikur ago

Tuesday 15 October 2019
Skopje, Public Room, 50 Divizija 22, 1000 Skopje
,

Македонската асоцијација за човечки ресурси ве поканува на HR Cafe & Networking настан на тема:
„Воведување на современи HR системи- стратегиска алатка на организациите“
15 октомври 2019 (вторник) | Public Room | 17:00-19:00 часот.

МАЧР ги поддржува модерните пристапи во управувањето со човечки ресурси!

За што ќе разговараме?
Современа HR методологија за ново позиционирање на HR функцијата
HR – систем како game-changer во компаниите
Case- study: Клиничка болница „Жан Митрев“, имплементација на HR систем - Fledge HR Cloud Based Software

На овoj HR Кафе & Networking настан ќе биде презентирана докажана методологија за воведување на целосен HR систем во организациите, која се адаптира согласно нивото на развој и обем на истите. Преку досегашните искуства на оваа методoлогија во три земји, може да се утврди дека со воспоставување на HR системи во организациите, покрај модернизирање на HRM процесите, се постигнува целокупно подобрување на менаџмент процесите во организацијата. Истото се користи како стратегиска алатка за да се подигне бизнисот на организацијата на ново ниво и да се обезбеди одржливост. Предност коja ja нуди оваа методологија е целосен системски пристап за ефикасно и ефективно имплементирање на HR систем, кое не го нарушува оперативното работење на организацијата.
Како позитивно искуство и успешна приказна ќе биде презентирано искуството на клиниката „Жан Митрев“ со имплементирање на оваа HR методологија и Fledge HR Cloud Based Software.

Говорници на HR Café & Networking настанот:
Христина Лозаноска - сопственик на „Вита институт“, HR експерт и сертифициран бизнис коуч.
Илија Јованоски - косопственик и технички директор на „Prymapps”.
Драгана Аврамовска- менаџер за правни работи и човечки ресурси, Клиничка болница „Жан Митрев“, Скопје.
Настанот е предвиден да трае два часа, со формалниот дел со почеток во 17:15 часот и траење од 45 минути, додека остатокот од времето е наменето за неформално дружење.

Пријавување:
За да присуствувате Ве молиме задолжително да се пријавите:
на https://bit.ly/31V1T5Z или преку испраќање e-mail на contact@mhra.mk.

#HRкафе е отворен и бесплатен настан, организиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси во соработка со нашите партнери и членови, наменет за дружење, ширење на мрежата на контакти, размена и споделување на искуства.

Ќе ни биде особено задоволство доколку ни се придружите!

Event language(s):
Attending fee: 
No
Registration deadline: 
10/10/2019
Online event: 
Nei
Organised by: 
Macedonian Human Resources Association
Organiser type: 
Other event
Contact details: 
www.mhra.mk
Share on Facebook Share on Twitter Epale SoundCloud Share on LinkedIn