Skoči na glavni sadržaj
Resource Details
RESURS

Студии на случај: Интернет криминал врз лицата со интелектуална попреченост

   

Лицата со интелектуална попреченост го користат интернетот, а тоа го прават на се повеќе сигурен и компетентен начин. Овој развој на користење на интернет секако дека е добредојден- меѓутоа, интернетот исто така претставува одредени закани: Интернет насилството е широко распространето и лицата со интелектуална попреченост се особено наклонети да станат жртви.

Публикацијата ‘’Заштита од интернет криминал врз возрасни лица со интелектуална попреченост. Студии на случај ‘’ беше создадена како дел од проектот ‘’Биди Безбеден- Едукативна подршка на лицата со интелектуална попреченост кои биле жртва на интернет криминал и насилство’’ кој е финансиран од Ерасмус + програмата.

Партнерите во проектот собраа студии на случај во кој се демонстрирани примери на ситуации во кои лицата со интелектуална попреченост можат да станат или вистински станале жртви на интернет криминал, вклучувајќи го и интернет насилството. Студиите на случај вклучуваат интервјуа со засегнатите лица, и коментари од психолози и полициски службеници.

Студиите на случај можат да послужат како ресурс за наставниците, тренерите, терапевтите, социјалните работници и други лица кои работат со лицата со интелектуална попреченост. Можат да им покажат како да ги подржат лицата со интелектуална попреченост да избегнат да станат жртви на интернет криминал. Исто така, тие претставуваат вредни ресурси кога се работи за препознавање дека лицето станало жртва на интернет криминал и можат подоцна да понудат соодветна подршка.

Публикацијата е достапна на англиски, чешки, француски, македонски, полски и португалски јазик на проектниот вебсајт.

 

 

Resource Details
Autor(i) resursa
ЗРЦЛИП Порака Наша
Vrsta resursa
Studija slučaja
Država
Datum objave
Login (1)

Want to add a resource ?

Don't hesitate to do so! Click the link below and start posting a new resource!