European Commission logo
Create an account
News
Vijesti

Ромски здравствен образовен центар - Битола

Во својата резолуција од 12 февруари 2019 година, Европскиот парламент ги покажа дефицитите во спроведувањето на Националните стратегии за интеграција на Ромите и затоа побара посилна рамка на ЕУ по 2020 година. Без сомнение, има напредок во четирите централни полиња за интеграција на Ромите – образование, домување, вработување и здравство. Сепак, неограничената здравствена заштита на Ромите сè уште не е обезбедена.

Во рамките на стратешкото партнерство „Roma HEALTH Care I“ (2017-1-DE02-KA204-004216), здравствената состојба на Ромите во земјите партнери беше комплексно истражена. Во дијалог со релевантните чинители на локално и регионално ниво, се разговараше за резултатите од ова истражување и беа избрани активностите кои можат да се покријат со поддршка на европски проекти и расположливите ресурси на лице место.

Стратешкото партнерство „Roma HEALTH Care II“ е еден од проектите. Во основа, тоа има за цел подобрување на здравствената состојба на Ромите во земјите партнери. Меѓу другото, тоа особено ќе доведе до:

  • зголемување на бројот на Ромите кои добиваат здравствено осигурување;
  • подобрување на физичкото здравје и исхрана
  • зголемување на бројот на Роми кои ги користат достапните мерки за превенција од рак
  • подигнување на вакциналниот статус на возрасните Роми
  • намалување на бројот на зависници Роми, односно Роми на кои им се заканува зависност
  • намалување на бројот на несакани бремености и ризикот од венерични болести
  • подобрување на денталната хигиена.

За да се постигнат целите, во вклучените ромски заедници  се формираат Здравствени едукативни центри во кои соодветно обучените здравствени медијатори – самите Роми – ќе спроведуваат специфични мерки за образование на возрасни од целната група за подигнување на здравствената писменост. Обуката на здравствените медијатори се заснова на новоразвиена наставна програма. Специјално развиен Прирачник ќе им служи како придружна референтна книга. Здравствените локални акциски планови за Роми, усвоени од соодвртните општини се правната рамка за нивната работа.

Во Битола на ден 12.09.2022 година се отвори Првиот здравствен образовен центар.

Во проектот Ромите не се само корисници туку и актери. Од една страна, тие се вклучени во елаборацијата на интелектуалните резултати, обучени како здравствени медијатори и мултипликатори, ќе ги спроведуваат и оценуваат тест-фазите и шират информации за проектот и неговите резултати. Од друга страна, тие ќе учествуваат во мерките за образование на возрасни за подигнување на нивната здравствена компетентност и самите ќе придонесат за подобрување на нивната здравствена состојба на овој начин.

Така, проектот конкретно ќе помогне да се остварат барањата формулирани во резолуцијата на Европскиот парламент. Ова е особено валидно за:

  • неограничената медицинска/здравствена заштита и
  • активно вклучување на Ромите и ромските заедници во развојот, спроведувањето и евалуацијата на мерките и проектите за оваа целна група.

Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“  и општина Битола се партнери во проектот од Северна Македонија.

Проектот е финансиран од Европската комисија преку Еразмус + програмата.

 

Login (1)

Želite li napisati članak?

Ne ustručavajte se to učiniti!

Kliknite na donju poveznicu i napišite novi članak!

Najnovije rasprave

Online EPALE rasprava o kreativnosti i kulturi za društvenu koheziju

U srijedu, 7. prosinca, od 10 do 16 sati po srednjoeuropskom vremenu, EPALE će održati online raspravu o kreativnosti i kulturi za društvenu koheziju.

Više

Online diskusija: "strukovne prekvalifikacije i oblici usavršavanja: Poticanje međugeneracijske suradnje."

Sudjelujte u ovoj internetskoj raspravi u kojoj ćemo istražiti zašto i kako se moramo pomaknuti prema ponovnom osposobljavanju i usavršavanju u različitim sektorima ili dobnim skupinama.

Više

Future in our hands - results

WE want to share with others results of our two year long Erasmus+ VET project with title "Future in our hands".

Više