Resource Details
RESURS

ОН ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2021- Северна Македонија

Обединетите нации (ОН) во Северна Македонија во 2021 година беа застапени преку 22 агенции коишто беа ангажирани во оперативни активности за развој во земјата. Тие работат заедно преку тимот на Обединетите нации за земјата (УНЦТ), како највисок механизам во земјата за меѓуагенциска координација и донесување одлуки, раководен од Постојаниот координатор на ОН (ПК) – назначен претставник на Генералниот секретар на ОН за развојни активности во земјата.

Работата на ОН во Северна Македонија е усогласена со националните развојни и стратешки приоритети на земјата, меѓународните обврски за човекови права и родова еднаквост, како и со заложбите за постигнување на Агендата 2030 и Целите за одржлив развој (ЦОР). Стратешките приоритети на ОН се јасно дефинирани во заедничката Рамка за соработка за одржлив развој 2021–2025 година (РСОР), клучен стратешки документ по којшто се предводи работата за петгодишниот период договорен од страна на Владата и ОН во 2020 година.

Поддршката на ОН се обезбедува преку техничка помош, развој на капацитетите, партнерства и средства, социјална мобилизација, посредување со знаење, и пилотирање и проширување на иновациите. Во 2021 година, која ја одбележа првата година од имплементацијата на петгодишната стратегија, 17 агенции на ОН имаа канцеларии и вработени во Северна Македонија – или преку самостојна канцеларија со претставништво, персонал за проекти или капацитет вграден во Канцеларијата на постојаниот координатор (КПК). Четири агенции ги спроведуваат своите активности целосно од далечина.

Тимот на ОН во Северна Македонија во 2021 година беше составен од повеќе од 250 домашни и меѓународни стручни лица и помошен кадар со седиште во земјата. Тие беа поддржани од експерти и вработените од регионалните и централните канцеларии на ОН низ целиот свет.

Resource Details
Pages from MK-UNCT-2021-ARR-full-ENG.jpg.
Autor(i) resursa
Канцеларија на Постојаната координаторка на ОН во Северна Македонија
Vrsta resursa
Studije i izvješća
Država
Северна Македонија
Datum objave
Jezik dokumenta
Англиски
Login (0)

Want to add a resource ?

Don't hesitate to do so! Click the link below and start posting a new resource!