chevron-down chevron-left chevron-right chevron-up home circle comment double-caret-left double-caret-right like like2 twitter epale-arrow-up text-bubble cloud stop caret-down caret-up caret-left caret-right file-text

EPALE - e-Platforma za obrazovanje odraslih u Europi

Kalendar

Тркалезна маса на тема: Како полесно до виза за волонтери од Европски Солидарен Корпус

Objavio Nevenka Longurova Girova prije 1 mjesec 6 dana

Srijeda 23 Rujan 2020
Скопје
,

Центар за младински активизам Крик ве поканува на тркалезна маса на тема: Како полесно до виза за волонтери од Европски Солидарен Корпус.

Тркалезната маса ќе се одржи на 23ти септември 2020 година, со почеток од 13.00 часот, во дворот на ПОУ Др. Златан Сремец. На самиот настан ќе бидат преземени сите мерки за заштита од КОВИД 19.

На настанот ќе се дискутира процедурата за аплицирање и добивање на виза за волонтери Европски Солидарен Корпус. Од дискусијата ќе произлезат препораки за подобрување и менување на процедурата. Истите препораки ќе бидат испратени до засегнатите институции, со цел олеснување и унапредување на аплицирањето и добивањето на виза за волонтери од Европски Солидарен Корпус. На настанот ќе присуствуваат претставници од Министерство за внатрешни работи, Министерство за надворешни работи и Министерство за труд и споцијална политика, претставници на организации кои работат со волонтери од Европски Солидарен Корпус и организации кои во иднина би сакале да работат со волонтери од Европски Солидарен Корпус.
Тркалезната маса е дел од проектните активности од проектот VISA International System for Advocacy кои ЦМА Крик ги имплементира поддржани од програмата Еразмус + преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Проектот опфаќа низа активности кои имаат за цел да го олеснат процесот на извадење на виза за интернационални волонтери.

Доколку сте заинтерсирани пополнете ја апликациската форма на линкот подолу до 18ти септември 2020 година.

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSd2-w6uW3t3UxRk-MSHsEyhnzkRUsO-NTllho7pD-hP_snh7g/viewform

Glavni jezik:
Kotizacija za sudjelovanje: 
Ne
Rok za prijavu: 
18/09/2020
Mrežno događanje: 
Ne
Organizator: 
Центар за младински активизам Крик
Vrsta organizatora: 
Drugi događaj
Podaci za kontakt: 
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSd2-w6uW3t3UxRk-MSHsEyhnzkRUsO-NTllho7pD-hP_snh7g/viewform
Ciljna skupina: 
Znanstvenici, studenti, istraživači u području andragogije
Donositelji politika
Share on Facebook Share on Twitter Epale SoundCloud Share on LinkedIn Share on email