Skoči na glavni sadržaj
Event Details
22 Oct
2020

Национална конференција за претприемачко учење

North Macedonia
Скопје
to

Националниот младински совет на Македонија во рамки на проектот „Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионални практики за вработување“ организира национална конференција за претприемничко учење.

Националната конференција се одржува со цел размена на практики помеѓу јавниот и граѓанскиот сектор и заложба за промоција и понатамошно развивање на претприемничкото учење.

Националната конференција ќе се спроведе преку интернет, на платформата ZOOM, на 29-ти октомври со почеток во 10 часот и на истата ќе има претставници на државните институции, студентски компании, граѓански организации, наставници, средни училишта, стопански комори, млади лица и слично.Свое обраќање на конференцијата ќе земат претставници од Министерство за образование и наука, Фонд за иновации и технолошки развој, Смарт Ап – Лабораторија за социјални иновации, Џуниор Ачивмент и  Асоцијација за развој на нови опции – Арно.

Предвидената програма на конференцијата се состои од три панел дискусии на следниве теми:

1) Трендови во претприемништво и образование2) Претприемништво кај студенти и средношколци-3) Законски регулативи во земјата

Дополнително ќе има и презентација за предизвиците со кои младите претприемачи се соочуваат.

Проектот започна со реализација во март 2020 во партнерство со 6 организации и тоа: Junior Achievement Serbia, Western Balkans Institute – Србијa, Junior Achievement of Albania – Албанија, JA Turkey – Турција, Social Innovation Incubator MUNJA – Босна и Херцеговина, Student Business Association – Црна Гора и JA Europe – Белгија, а ќе се реализира до 2023 година.

Главната цел на проектот е да придонесе за младински претприемачки можности и да ги зајакне перспективите завработување на младите од Западен Балкан.

Своето присуство на оваа конференција може да го најавите на следниот линк. Повеќе информации за самиот настан може да проследите на настанот на Facebook или на нашата веб страна

Event Details
Status
As planned
Vrsta događanja
Konferencija
Vrsta organizatora
Drugi događaj
Organiser name
Национален младински совет на Македонија
Junior Achievement Serbia, Western Balkans Institute – Србијa, Junior Achievement of Albania – Албанија, JA Turkey – Турција, Social Innovation Incubator MUNJA – Босна и Херцеговина, Student Business Association – Црна Гора и JA Europe – Белгија
Ciljna skupina
Donositelji politika
Kotizacija za sudjelovanje
Ne

Imate li u planu neko događanje

Ne ustručavajte se to učiniti! Kliknite na donju poveznicu i odmah predložite događanje!

Najnovije rasprave

EPALE rasprava: budućnost učenja odraslih

U srijedu, 8. srpnja 2020., od 10:00 do 14:00 sati, EPALE će biti domaćin online rasprave o budućnosti učenja odraslih. Razgovarajmo o budućnosti područja obrazovanja odraslih i novim izazovima i mogućnostima. Online raspravu vodit će stručnjakinja EPALE-a Gina Ebner, generalna tajnica EAEA-e.

Više