Calendrier
Обука на тема „Граѓанско учество и транспарентост„
Posté par Nevenka Longurova Girova Il y a 1 mois 6 heures
- Macédoine du Nord
Фондацијата за развој на локалната заедница Штип Ве поканува да учествувате на обуката за зголемување на граѓанското учество и транспарентноста на локалните јавни претпријатија и институции.
Обуката ќе се одржи на 12 и 13 ноември (вторник и среда), 2019 година во х. Гогов во Пехчево.
Се очекува учесниците да пристигнат на 12 ноември (вторник) до 10 часот. Сместувањето, храната, патните трошоци и материјалите за работа се покриени од организаторот.
Обуката има за цел да ја зајакне соработката помеѓу граѓаните и јавните претпријатија.
Обуката за граѓанско учество и транспарентност се организира во рамки на проектот „Граѓаните одлучуваат“ имплементиран од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, финансиски поддржан од Меѓународиот Олоф Палме Центар и Шведската агенција за развој и соработка.
Ве молиме, најдоцна до понеделник, 11 ноември 2019 година, да го потврдите присуството на учесници од Вашата институција, на е-маил адреса: ngirova@frlz.org.mk.
- Macédonien
Vous souhaitez formuler un commentaire? Connectez-vous ou inscrivez-vous