chevron-down chevron-left chevron-right chevron-up home circle comment double-caret-left double-caret-right like like2 twitter epale-arrow-up text-bubble cloud stop caret-down caret-up caret-left caret-right file-text

EPALE - Plataforma electrónica dedicada a la enseñanza para adultos en Europa

Calendario

ТСА настан: Неусогласеност на вештините со работните места

Enviado por LJUPKA KJURKCHIEVA hace 1 mes 2 semanas

De Martes 3 Marzo 2020 hasta Viernes 6 Marzo 2020
Skopje
,

Оваа тематска работилница ќе биде посветена на премостување на јазот помеѓу образовнието и пазарот на трудот. Претставници од сите релевантни чинители од светот на образованието и светот на бизнисот ќе споделат добри практики и иницираат соработка која на крај ќе резултира со конкретни проекти и зајакнување на врските меѓу секторите.

Побарувачката за квалификувана работна сила, секојдневно расте. Работните задачи кои бараат поголеми вештини растат. Рапидно растат и работните позиции бараат повисоки нивоа на образование и обука. Средноквалификуваните места се намалуваат а очекуваниот просек на високообразование се задржува или расте.

Главниот двигател на ваквата побарувачка на вештини се новите технологии, стратегиите на менаџерите за тоа како се користат овие нови технологии, начините на организирање на работата, промената на индустриите, промената на побарувачката, како и зголемувањето на нееднаквоста. Идната побарувачка на вештини е уште понепредвидлива, поради неизвесното влијание на високите технологии.

Јазот помеѓу понудата и побарувачката на вештини и занимања има силни ефекти и на работодавачите и на работниците. Во услови на невработеност, јазот помеѓу вештините резултира со нивно застарување и голем потенцијал на работна сила останува нискористен. Креирањето на политики за надминување на ваквата неусогласеност ќе го намали губитокот на човечки потенцијал и ќе ги ублажи социјалните и економски трошоци.

Профил на учесници:

-       Корисници на програмата Еразмус+ КА1 -Образование за возрасни / Стручно образование и обука (вклучително и носители на Повелба за стручно образование и обука) и КА2.

-       Работодавачи, претприемачи и претставници од стопански комори

-       Кариерни советници и

-       Други претставници од организации/чинители кои се активни во полето на стручно образование и обука и образование на возрасни или пазарот на труд

 

-Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени организаторот на настанот (НАЕОПМ);

-Трошоците за превоз од и до Скопје ги покрива организаторот на настанот (НАЕОПМ)

-Самиот учесник (индивидуално) покрива трошоци за локален превоз ;

Рокот за аплицирање е 21.02.2020 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација

Истата скенирана со печат и потпис пратете ја на следната е-маил адреса:

 tca@na.org.mk со назнака за Контакт семинар: Неусогласеност на вештините со работните места

Idioma principal:
Tipo de evento: 
Congreso
Precio de la inscripción: 
No
Fecha límite para la inscripción: 
21/02/2020
Evento en Internet: 
No
Organizado por: 
Национална агенција з аевропски образовни програми и мобилност
Tipo de organizador: 
Otro evento
Datos de contacto: 
na.org.mk tca@na.org.mk
Cantidad de asistentes: 
< 100
Grupo objetivo: 
Redes y organizaciones dedicadas al aprendizaje de adultos
Proyectos y asociaciones
Share on Facebook Share on Twitter Epale SoundCloud Share on LinkedIn