„Психосоцијална поддршка на лицата со посебни потреби и нивните семејства за разрешување на нивните проблеми и предизвици“.
По повод 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ организира онлајн трибина: на тема „Психосоцијална поддршка на лицата со посебни потреби и нивните семејства за разрешување на нивните проблеми и предизвици“.
Онлајн трибината ќе се одржи преку платформата Zoom на 03.12.2020 со почеток од 10:00 часот.
Zoom линк за регистрација: https://zoom.us/.../tJYlcumqrTkpHNA2eCyqUQEkUdlVXTJuVgMd
На трибината ќе земат учество студентите од Факултетот за психологија, Здружението на психолози за стручна и морална поддршка на лица и возрасни „Рилука“ - Битола и Здружението на лица со церебрална парализа, Велес.
Настанот е отворен за сите заинтересирани граѓани.
Максимум број на учесници: 1000