Calendar
Промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство
Posted by LJUPKA KJURKCHIEVA 1 week 3 days ago
- North Macedonia
Како дел од активностите во рамките проектот „Елиминирање на родовата нееднаквост, преку интервенции на институционално и дигитално ниво“ финансиран од шведската фондација Kvinna till Kvinna, организираме панел дискусија за промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство и стандардите за нивно функционирање, на 4ти декември 2019, во Граѓански ресурсен центар, со почеток во 10:30 часот.
Панелот е наменет за претставници на институциите кои работат на заштита на жртвите од сексуално насилство, како и претставници на граѓанските организации и општата јавност, а е во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Целта е да се подигне свеста за постоење на центрите, како и да се идентификуваат слабостите во протоколите и стандардите за работа и воедно да се дадат препораки нивно подобро функционирање.
АГЕНДА:
10:15 – 10:30 Пристигнување
10:30 – 10:45 Вовед во панел дискусијата
Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство
Проф. Д-р Викторија Јовановска – директорка на Клиника за гинекологија и акушерство, Скопје
Модераторка: Аделина Марку
11:00 – 12:00 Панел: Центри за упатување на жртви на сексуално насилство – Стандарди и предизвици
Розалита Дојчиноска – полициски советник во Биро за јавна безбедност, Министерство за внатрешни работи
Нермина Факовиќ – координатор за еднакви можности во Министерство за здравство
Нада Тофоска – координаторка на Центарот за жртви на сексуално насилство во Скопје
Наташа Станојевиќ – директорка на Меѓуопштински центар за социјална работа
12:00 – 13:00 Дискусија
13:00 – 14:00 Коктел
Want to comment? Login or register