Презентација на истражувања: Годишен извештај за состојбата со филантропијата во Северна Македонија во 2018 година и Компаративна студија за перцепцијата на филантропијата во Западен Балкан
ХОРУС и Фондацијата Catalyst Balkans ве покануваат на презентација на две истражувања – Годишниот извештај за состојбата со филантропијата во Северна Mакедонија во 2018 година и Компаративната студија за перцепцијата на филантропијата во Западен Балкан. Овие две комплементарни истражувања се осврнуваат, односно даваат детален преглед на клучните статистички наоди за филантропските активности на различни видови на донатори од Северна Македонија и дијаспората во 2018 година, како и за знаењата, ставовите и практиките на граѓаните од 6 земји од Западен Балкан поврзани со донирањето во филантропски цели.
Презентацијата ќе се одржи на 12 ноември 2019 година (вторник) во Хотел Stone Bridge Скопје со почеток во 10:30.
Телефон: 070 263302
e-пошта: nela@horus.mk