Предизвиците во ресоцијализација, реинтеграција и рехабилитација на луѓето со нарушено ментално здравје


Како луѓето со нарушено ментално здравје можат да се интегрираат во општеството, да создаваат пријателства, врски, семејства? Како тие можат да бидат работоспособни и колку системот им дава шанса да го остварат своето право на вработување, да бидат самостојни и да имаат достоиствен живот?
На оваа тема ќе зборуваат професионалци од областа на здравството и социјалата, но и самите граѓани кои се соочуваат со овие предизвици.
Во четврток, на 3 декември од 12:00 до 15:30 часот, Здружението за ментално здравје Асоцијација Мисла ќе организира панел дискусија на тема „Предизвиците во ресоцијализација, реинтеграција и рехабилитација на луѓето со нарушено ментално здравје“. На панел дискусијата ќе говорат:
- д-р Мирјана Јовановска Стојановска, психолог, Претседател на Комора на психолози на Македонија
- Барбара Садовска, психолог, Претседател на Фондацијата за взаемна помош „Барка“ од Познањ, Полска
- Јамина Калеовска, социјален работник
- Елизабета Крстеска, членка на Асоцијација Мисла
- Стефанија Граовац, членка на Асоцијација Мисла.
Модератор на настанот ќе биде Билјана Дуковска, Претседател на Македонската платформа против сиромаштија.
Настанот ќе биде организиран онлајн на платформата ЗООМ и до него ќе можете да пристапите на следниот линк:
https://us02web.zoom.us/j/89033856949
Meeting ID: 890 3385 6949
Ако ви е позгодно, може да ни се придружите и во просторите на Граѓански ресурсен центар во Скопје (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 50), но бројот на присутни ќе биде строго ограничен и со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19. За присуство таму задолжително е претходно да се најавите на нашите е-маил адреси association.misla@gmail.com или info@misla.org.mk, но не подоцна од 01.12.2020 година.
Настанот е поддржан од Цивика мобилитас и е во рамки на проектот Акција за поддршка на менталното здравје