chevron-down chevron-left chevron-right chevron-up home circle comment double-caret-left double-caret-right like like2 twitter epale-arrow-up text-bubble cloud stop caret-down caret-up caret-left caret-right file-text

EPALE - Electronic Platform for Adult Learning in Europe

Calendar

Национална конференција за претприемачко учење

Posted by Nevenka Longurova Girova 4 months 2 weeks ago

Thursday 22 October 2020 to Thursday 29 October 2020
Скопје
,

Националниот младински совет на Македонија во рамки на проектот „Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионални практики за вработување“ организира национална конференција за претприемничко учење.

Националната конференција се одржува со цел размена на практики помеѓу јавниот и граѓанскиот сектор и заложба за промоција и понатамошно развивање на претприемничкото учење.

Националната конференција ќе се спроведе преку интернет, на платформата ZOOM, на 29-ти октомври со почеток во 10 часот и на истата ќе има претставници на државните институции, студентски компании, граѓански организации, наставници, средни училишта, стопански комори, млади лица и слично.
Свое обраќање на конференцијата ќе земат претставници од Министерство за образование и наука, Фонд за иновации и технолошки развој, Смарт Ап – Лабораторија за социјални иновации, Џуниор Ачивмент и  Асоцијација за развој на нови опции – Арно.

Предвидената програма на конференцијата се состои од три панел дискусии на следниве теми:

1) Трендови во претприемништво и образование
2) Претприемништво кај студенти и средношколци
-3) Законски регулативи во земјата

Дополнително ќе има и презентација за предизвиците со кои младите претприемачи се соочуваат.

Проектот започна со реализација во март 2020 во партнерство со 6 организации и тоа: Junior Achievement Serbia, Western Balkans Institute – Србијa, Junior Achievement of Albania – Албанија, JA Turkey – Турција, Social Innovation Incubator MUNJA – Босна и Херцеговина, Student Business Association – Црна Гора и JA Europe – Белгија, а ќе се реализира до 2023 година.

Главната цел на проектот е да придонесе за младински претприемачки можности и да ги зајакне перспективите за
вработување на младите од Западен Балкан.

Своето присуство на оваа конференција може да го најавите на следниот линк. Повеќе информации за самиот настан може да проследите на настанот на Facebook или на нашата веб страна

Event language(s):
Event type: 
Conference
Attending fee: 
No
Registration deadline: 
29/10/2020
Online event: 
No
Organised by: 
Национален младински совет на Македонија Junior Achievement Serbia, Western Balkans Institute – Србијa, Junior Achievement of Albania – Албанија, JA Turkey – Турција, Social Innovation Incubator MUNJA – Босна и Херцеговина, Student Business Association – Црна Гора и JA Europe – Белгија
Organiser type: 
Other event
Target group: 
Policy makers
Share on Facebook Share on Twitter Epale SoundCloud Share on LinkedIn Share on email