HORTICULTURAL LIBRARIES - ХОРТИКУЛТУРНИ БИБЛИОТЕКИ
On 10 and 11 of October, in Lazarevac, Republic of Serbia, the Second national festival and the First regional festival of horticultural libraries were held. They were organised by Mirko S. Markovic, head of the Horticultural libraries network and the host library National library “Dimitrije Tucovic” from Lazarevac. The agenda of the event was rich and well organised, including working meetings and agreements with the participants.
Representatives from Lazarevac, Cajetina and Kikinda, Republic of Serbia; from Zvornik, Republic of Srpska; from Tuzla, Bosnia and Hercegovina, from Vinkovci, Croatia and from Bitola, Republic of North Macedonia actively participated in the Horticultural libraries network.
Library representatives from the region exchanged their experience in library activities related to horticultural libraries and the implementation of the UN Agenda 2030 activities, UESCO programme about the influence of the libraries on the community needs.
In the working part of the event goals, principles of work and joint projects were defined, as well as expansion the network in certain countries. A decision was adopted to sign founding act for establishing horticultural network of libraries.
Participants from NU UB “St. Kliment Ohridski” Jelena Petrovska, librarian advisor in the department for development of library activity and professor Daniela Kjurchievska, member of Library management board, established contacts and had working meeting with representatives from RE Kolubara. They discussed the promotion of environmental projects, especially the project for re-cultivation of REK Bitola area, using the example of RE Kolubara which are developing similar programmes for years. In this way the library is achieving goals that refer to sustainable development, especially in the field of environmental protection, sustainability of available resources as part of the smart cities concept. The library will continue to actively participate in the environmental programmes, raise the awareness for environmental protection and introduce new innovative programmes for their citizens.
***********************
Во Лазаревац, Р. Србија на 10. И 11. Октомври 2019.год. се одржа Втора национална смотра и Прва регионална смотра на хортикултурни библиотеки во организација на Мирко С. Марковиќ главен раководител на мрежата за хортикултурни библиотеки и библиотека домаќин Национална библиотека „Димитрије Туцовиќ“ од Лазаревац кои се погрижија за многу богата Агенда во која беа вклучени и повеќе работни средби и договори со учесниците.
Во мрежата на хортикултурни библиотеки активно зедоа учество претставници од Р. Србија, од Лазаревац, Чајетина и Кикинда, од Р. Српска Зворник, од Босна и Херцеговина Тузла, од Хрватска Винковци и од Р. Северна Македонија Битола. На средбата беше присутен и Ласло Блашковиќ, директор на Народна библиотека од Србија.
Претставници на библиотеките од регионот ги разменаа искуства од библиотечните активности поврзани со хортикултурни библиотеки, како и од спроведување на активности од УНЕСКО – ва програма УН Агенда 2030 за влијанието на библиотеките врз потребите на заедницата.
Во работниот дел се дефинирани целите, принципите на работа, заеднички проекти и ширење на мрежата во одделни држави и донесување на одлука за потпишување на основачки акт за формирање на хортикултурна мрежа на библиотеки.
Учесниците од НУ УБ „Св. Климент Охридски“, м-р Јелена Петровска, библиотекар советник во Одделот за развој на библиотечната дејност и проф. Даниела Ќурчиевска, член на Управен одбор на библиотеката, воспоставија контакти и работна средба со претставници на РЕ Колубара во врска со промовирање на еколошки проекти, особено проект за рекултивација на површините во РЕК Битола, по примерот на РЕ Колубара кои со години ги развиваат сличните програми. На тој начин библиотеката ги остварува целите кои се однесуваат на одржливиот развој особено во сфера на екологија, одржливоста на расположливи ресурси како дел од концептот за т.н. паметни градови. Библиотеката ќе продолжи со активно учество во еколошките програми и подигање на свеста за зачувување на околината и воведување на нови иновативни програми за своите граѓани.