chevron-down chevron-left chevron-right chevron-up home circle comment double-caret-left double-caret-right like like2 twitter epale-arrow-up text-bubble cloud stop caret-down caret-up caret-left caret-right file-text

EPALE

Electronic Platform for Adult Learning in Europe

 
 

Calendar

Дали можеш да го препознаеш родовото базирано насилство? Улогата на различните општествени актери во превенцијата на насилството врз жените и девојчињата?“.

Posted by Fatma Bajram Azemovska 1 week 3 days ago

Tuesday 3 December 2019
Bitola
,

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, Правниот факултет, Општина Битола, „Сумнал“ – здружение за развој на Ромската заедница во рамки на кампањата „16 дена активизам за спречување на насилството врз жените и девојчињата“ која започна од 25.11.2019 година и трае до 10.12.2019 година (Меѓународниот ден на човековите права) се вклучуваат во активностите на државно и глобално ниво во насока на запознавање на јавноста и студентите со проблемот на родово заснованото насилство и механизмите за заштита и превенција.

Чест Ни е да Ве поканиме да бидеме дел од трибината на тема тема „Дали можеш да го препознаеш родовото базирано насилство? Улогата на различните општествени актери во превенцијата на насилството врз жените и девојчињата?“.

Трибината ќе се одржи на ден 3.12.2019 година ( вторник) со почеток во 13 часот.

Сите ние сме дел од од кампањата „#НемаОправдување – заедно против насилство врз жени и девојчиња“
Во делот на дискусијата учество ќе земат професори од Правниот факултет, УКЛО, преставник од општина Битола, претставници од Министерството за внатрешни работи (СВР Битола), ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа - Битола, Центар за вработување – Битола, од невладиниот сектор, клиничка болница „Др.Трифун Пановски“ - Битола.

Во холот на Библиотеката е поставена тематска изложба на книги со содржини за семејно и родово насилство.

“Насилството врз жените и девојчињата е насилство врз целото човештво и за тоа не треба да има место во Европа или на друго место во светот. И покрај нашата посветеност, сепак сме далеку од победа над овој предизвик. Насилството врз жените се случува насекаде, нема безбедно место дури ни дома. Напротив. Жените се мета дома, на работно место, во училиштата и универзитетите, на улица, при раселување и миграција и се повеќе преку интернет со компјутерско насилство и говор на омраза. Обемот на проблемот останува алармантен: Една од три жени во Европа е жртва на физичко и / или сексуално насилство.

Речиси сите жртви на трговија со луѓе заради сексуална експлоатација во рамките на ЕУ се жени и девојчиња. Во земјите во развој, едно од три девојчиња е во брак пред да наполни 18 години.

Има најмалку 200 милиони жени и девојчиња кои биле подложени на осакатување на гениталиите кај жените, што си уште се извршува во околу 30 земји.

Ние го правиме тоа за нашата иднина и за нашата сегашност затоа што жените се столб на правично, отворено, развиено и демократско општество и ништо не смее да ги лиши од слободата да ја остваруваат својата улога слободно и безбедно “.

 

Event language(s):
Attending fee: 
No
Online event: 
No
Organised by: 
Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, Правниот факултет, Општина Битола, „Сумнал“ – здружение за развој на Ромската заедница
Organiser type: 
Other event
Share on Facebook Share on Twitter Epale SoundCloud Share on LinkedIn