Бесплатна онлајн средба:Правни аспекти во вонредна ситуација


CEED Македонија – Помагаме и одговараме на прашања на претприемачи, сопственици и менаџери поврзани со темата “Правни аспекти во вонредни и кризни ситуации “:
Што претставува виша сила и прекин на работниот процес поради виша сила?
Мојата компанија е затворена заради вонредната ситуација, кои се моите права и обврски кон моите вработени?
Дали може да се користи одмор за време на вонредна ситуација? Што е принуден одмор?
По ваше барање, организираме по втор пат, средба со адвокат Данче Чакаровска Гроздановска од адвокатска канцеларија Чакаровска Law office Cakarovska / Адвокат Чакаровска, но овој пат ја отвараме бесплатно за сите сопственици, директори и менаџери на микро, мали, средни и големи компании, без разлика на индустријата. Поставете и вие ваше прашање поврзано со “Правни аспекти во вонредни и кризни ситуации“ а со фокус на облигациони и работни односи и права, како и актуелни новини и мерки во врска со вонредната ситуација, и добијте одговор!
Задолжителна регистрација на: https://www.tfaforms.com/4813513
Местата се ограничени! Рок на пријавување до 06.04.2020! Учеството на овој онлајн настан ќе ви биде потврдено по маил, заедно со линкот преку кој ќе се поврзете на оваа онлајн средба.
Ве очекуваме на 07.04.2020 во 12:00 ч., онлајн!