Παράκαμψη προς το κυρίως περιεχόμενο
Resource Details
ΠΟΡΟΣ

Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година

Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат создавање на нови работни места, поддршка за креирање на нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица, посебно на младите, долгорочно невработените и корисниците на право на парична помош од социјална заштита (во понатамошниот текст: гарантирана минимална помош), како и поддршка на невработените лица на кои престанокот од работен однос е регистриран во периодот на кризата предизвикана поради Коронавирусот COVID 19 (од 11.03.2020 година).

Сите евидентирани невработени лица и работодавачи имаат пристап до програмите, односно мерките и услугите за вработување1 . Правото за учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна програма односно мерка и услуга за вработување, а како општо правило ќе се настојува да се постигне еднаква застапеност на мажи и жени, согласно Законот за еднакви можности на жените и мажите, како и учество на младите лица до 29 години од најмалку 30%.

Носител на Оперативниот план е Министерството за труд и социјална политика, а неговата имплементација е во надлежност на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, во партнерство со други одговорни институции. Во текот на имплементација на Оперативниот план, секоја надлежна институција ќе обезбедува податоци за степенот на реализација.

Resource Details
Συντάκτης(-ες) πόρου
Министерство за труд и социјална политика
Είδος πόρου
Εθνικά και Πολιτική
Ημερομηνία δημοσίευσης
Γλώσσα εγγράφου
Login (0)

Want to add a resource ?

Don't hesitate to do so! Click the link below and start posting a new resource!