chevron-down chevron-left chevron-right chevron-up home circle comment double-caret-left double-caret-right like like2 twitter epale-arrow-up text-bubble cloud stop caret-down caret-up caret-left caret-right file-text

EPALE

E-Plattform für Erwachsenenbildung in Europa

 
 

Kalender

Како ја избрав мојата професија?

Eingesandt von Nevenka Longurova Girova vor 2 Wochen 5 Tage

Montag 25 November 2019
Скопје
,

Центарот за туризам, тренинг и истражување ве кани на настан за кариерно насочување што ќе се одржи на 25.11.2019 година во 18:20 часот во Граѓанскиот Ресурсен Центар (веднаш спроти НЛБ дирекцијата). Настанот е осмислен како дискусија со двајца несекојдневни млади лица, надополнет со презентација на можностите што ги нуди Еразмус + програмата.

 

 

Реалната состојба во младинскиот сектор во Македонија говори дека младите имаат потешкотија да ја визуелизираат својата иднина, честопати се растргнати меѓу конзервативното високо образование и потребите на пазарот на трудот и немаат јасна претстава за професиите што ги носи „новото“ време. 

 

Преку дискусија со претприемач кој се вратил во Македонија за тука да основа своја фирма и млад човек кој решил да се преквалификува и за три години стигнал од ниво јуниор на сениор девелопер позиција, ќе ги разгледаме сите аспекти на модерното работно место: бирократски процедури за отворање и водење своја фирма; што се бизнис ангели и дали навистина постојат; митови и вистини за работење од дома (во пижами); како и отворените работни простории и хабовите. 

 

„Како ја избрав мојата професија?“  е прв од серијата настани за мотивирање на млади што се надеваме ќе прерасне во платформа за врсничко учење и надградување.

Teilnahmegebühr: 
Nein
Online-Veranstaltung: 
Nein
Organisator: 
Центарот за туризам, тренинг и истражување
Art des Veranstalters: 
Andere Veranstaltung
Kontakt: 
Маријана Јанческа e-mail marijanajanceska@gmail.com телефонски број: 077 69 33 40.
Share on Facebook Share on Twitter Epale SoundCloud Share on LinkedIn