chevron-down chevron-left chevron-right chevron-up home circle comment double-caret-left double-caret-right like like2 twitter epale-arrow-up text-bubble cloud stop caret-down caret-up caret-left caret-right file-text

EPALE

Elektronická platforma pro vzdělávání dospělých v Evropě

 
 

Kalendář

Гласно против гласини на ИФФК „Браќа Манаки“

Zveřejnil(a) Fatma Bajram Azemovska před 1 měsíc 2 dny

Pátek 20 Září 2019
Bitola
,

Кампањата „Гласно против гласини“ има за цел да ја подигне свесноста за негативниот ефект од ширењето „гласини“ кои доведуваат до предрасуди за жените во нашето општество по различна основа.

Како дел од низата активности од јавен карактер, кампањата „Гласно против гласини“ ќе биде дел и од престижниот ИФФК „Браќа Манаки“ 2019. Пред почетокот и по завршувањето на проекцијата на филмот „Женско задоволство“, на 20 септември со почеток во 18:00 ч., во Домот на Културата – Мала сала, тим од претставници на кампањата „Гласно против гласини“ ќе ги промовира нејзините позитивни аспекти. Посетителите на интересен и креативен начин ќе имаат можност да споделат гласини на кои тие самите биле сведоци или пак ги почувствувале како директно засегнати со што ќе земат активно учество во кампањата и ќе придонесат во крајната цел – подигнување на свесноста за последиците од ширење гласини што доведуваат до родови стереотипи и предрасуди за жените.

Бидете дел од овој настан, уживајте во проекцијата и споделете гласина за да се приклучите и дадете поддршка на кампањата против ширење гласини за жените во нашето општество. Зашто #СекојаЕднаЕВредна!

Primární jazyk:
Účastnický poplatek: 
Ne
On-line událost: 
Ne
Druh organizátora: 
Jiná událost
Share on Facebook Share on Twitter Epale SoundCloud Share on LinkedIn